Како Македонија ќе продолжи без Тито?

Дали повлекувањето на Тито од политичката сцена ќе ја дестабилизира ситуацијата во Македонија?Политичка дестабилизација и се заканува на Македонија после ненадејното повлекување на Тито Петковски од листата за кандидати за пратеници на опозициската НСДП. Ваквиот ненадеен потег на Петковски ги начека неподготвени буквално сите, од државниот врв во Македонија до последниот член на СДСМ во Америка.
Петковски своето повлекување од листата на пратеници после 23 години години во пратеничките клупи го образложи дека не сака да биде дел од парламентарен состав кој се уште не расчистил со настаните од 24-ти декември, како и дека не му е сеедно за нејаснотиите околу убиството на Џими Хофа, судбината на малезискиот авион и обвинувањата за корупција во врвот на Јувентус.
Итна лидерска средба која започна со минута скандирање „Ти-то, ти-то, ти-то!“ и силно ракоплескање на присутните свика премиерот на Република Македонија, а покрај водачите на политичките партии на неа присуствуваа и Претседателот на државата, Претседателот на Собранието на РМ и воениот врв на земјата како и неколку странски експерти од земји кои поминале низ слични премрежја како Македонија во моментот. После средбата присутните без коментар и видно потресени го напуштија состанокот, а кратка изјава даде само спикерот Вељаноски. Тој рече: „орелски крилја как да си метнех, Тито во парламентот ја да го сретнех“.
Неофицијално, повеќе граѓански здруженија и невладини организации ќе собираат 100.000 потписи за останување на Петковски на листата на кандидати на НСДП во акцијата „и по Тито и по Тито – Тито“, а Владата планирајќи да излезе во пресрет на желбите на граѓаните нарачала рекламни паноа со пароли „Остани на листа, барем на 17-то место“ и „Е, стварно не си фер ако заминеш“.
Дали милионите Македонци ќе успеат да го убедат Тито Петковски да не ги остава, ќе покажат наредните денови, клучни за иднината на земјата.
Извор: РепубликаПолитичка дестабилизација и се заканува на Македонија после ненадејното повлекување на Тито Петковски од листата за кандидати за пратеници на опози

Пронајдете не на следниве мрежи: