Како настанале Соединетите Арапски Емирати: Од гусари до банкарска елита

Loading...

Економијата на Содинетите Арапски Емирати (САЕ), моментално е една од најбрзо растечките во светот. Но, тоа не било одсекогаш така. Само еден поглед врз фотографијата на која е претставен Дубаи во 90-тите може да ни ја долови сликата за експресниот развој на земјата.

 
 
 
 
Благодарејќи на резервите со нафта, жителите на САЕ од пирати, денес станаа мулти милјардери. Без оглед на тоа што овде може да се види се што е најмодерно и најскапо, сепак САЕ е апсолутна монархија, што значи дека со земјата владее едно семејство, а животот на луѓето е диригиран од строги закони.

Минатото на оваа земја е поврзано со конфликтите со Британците, под чија контрола беа долго време. Просперитетот го доживува во 70-тите години од минатиот век со британското повлекување. Денес во САЕ во федерација се седум емирати: Абу Даби, Дубаи, Шарџ, Рас ул Хајм, Фуџејра, Аџман и Ум ал Кваин.

Највисоката власт се наоѓа во рацете на претседателот на Емиратите, кој што воедно е и владетел во Абу Даби. Од настанокот на федерацијата во 1971 година, па се до смртта во 2004 година, претседател бил султанот Зајед ал Нахјан, а потоа неговото место  го наследил неговиот син Халифа бин Зајед ал Нахјан. 
Кога Обединетите Арапски Емирати ја формирале федерацијата, во неа биле повикани и Катар, Бахреин и Оман, но тие ја одбиле поканата за приклучување кон овој сојуз.

Владетелот на Емиратите сака во својата земја да ги има најскапите, најголемите и најспектакуларните градби во светот, па така тие се горди на:
 -„Burj Dubai“, највисоката зграда во светот;
-„Dubai World Central International Airport“- овој аеродром кога ќе се заврши ќе биде најскапиот аеродром некогаш изграден;
-трите „Palm Islands“ – најголеми уникатни острови во светот
-„Dubai Mall“ – најголемиот трговски центар на свеотот,
– забавниот сектор „Dubailand“, што се очекува да биде двојно поголем од Disney World.

Во оваа земја нема крај на атракциите што секој љубопитен турист треба да ги посети, што ја прави земјата уште поатрактивна за повторна посета.
 Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Економијата на Содинетите Арапски Емирати (САЕ), моментално е една од најбрзо растечките во светот. Но, тоа не било од

loading...
Loading...