Како оваа убава манекенка се претвори во чудовиште

Физичкиот изглед ми беше се, мој најсилен адут, ми отвори многу врати во деловниот свет. Почнав да се бавам со манекенство на 16 години, се омажив за прекрасен тип и добив прекрасна ќерка. Животот ми беше како сон, но само однадвор, ја раскажува својата приказна Керол Брајан.Се се промени кога во 2009 година ја наговориле да оди под нож за да остане младолика. Откако во лицето и вбризгале филери, пациентката се изобличила. Била толку оштетена што се срамела да се појави во јавност. Очајната Керол одела на нови зафати за да ја поправи штетата, но, без успех.
„Се претворив во чудовиште. Ни сопственото семејсто не можеше да ме гледа. Паднав во тешка депресија и почнав да живеам во изолација“, рече Брајан.
По четиригодишна агонија, ќерка и ја наговорила да побара помош. Единствениот доктор кој бил спремен да се нафати со нејзиниот пролем бил др. Реза Џарах, еден од најголемите експерти во областа трансплантација.
Во долготрајното лечење миу помагаше естетскиот хирург Брајан Бојд, кој приказната на Каролина ја објави на службената интернет страница на својата поликлиника.
„Докторите ме предупредија на ризикот, но немав избор. Првиот дел беше најлош. Мораа да ми ги отстранат мускулите и ткивото од челото, се до коските, а зафатот траеше 16 часа. Голем дел од коските ми се земени од грбот и пресадени на лицето“.
Никој не можеше да ми гарантира дека новото ткиво добро ќе биде „примено“, бидејќи лицето ми беше затруено со опасни хемикалии што сама на себе со години претходно дозволував да ми бидат вбризгани со надеж дека ќе останам млада и убава засекогаш.
Пред спасоносната операција, несреќната Керол го криела лицето под завои, а на левото око гледала само кога ќе ја подигнела кожата што и висела кон челото.
„По зафатот го изгубив видот на десното око, но благодарна сум на Бога и докторите што воопшто сум жива. Требаа да поминат години агонија, патење и стравови за да сфатам која е смислата на животот. Благодарение на се низ што поминав, научив да бидам храбра, веќе не се плашам да побарам помош од психолог и да ја покажам мојата внатрешна убавина“, заклучува пациентката.Се се промени кога во 2009 година ја наговориле да оди под нож за да остане младолика. Откако во лицето и вбризгале филери, пациентката се изобличи

Пронајдете не на следниве мрежи: