Каков одмор сакаат хороскопските знаци

Плажа, песок, море, сонце…сето тоа е асоцијација на летен одмор. Дали сте размислувале каде оваа годинa и како да го поминете. Можеби вашиот хороскопски знак, ќе ви биде од корист за да донесете одлука.
 
Овен 
Овој огнен знак сака активен одмор со многу потрошена енергија. Сака удобно да патува, по можност со авион или луксузен брод. Не поднесуваат друштво кое не може да ги прати во нивните активности и за тоа треба да биде свесен секој кој сака да патува со Овен. Доколку отпатувате со претставници од овој знак бидете спремни на исцрпување, воспаление на мускули, дехидратација и малаксаност на крајот од патувањето. Егзотични дестинации и екстремни активности ефикасно ќе ја задоволат глатта на Овновите за авантура. Качување на Хималаите, истражување на ацтечките, египетските и индиските храмови, кипарски острови или сафари во Африка би биле одлични идеи за исполнување на содржината на нивните слободни денови.
Бик
Како земјен знај, Бикот сака големо друштво. Патувањето со нив е патување со цел клан, а не е исклучено со себе да си ја понесат на турнеја и целата фамилија. Сакаат целосни аранжмани, во кои е вклучено се, како и групни туристички обиколки бидејќи не сакаат спонтаност и неодлучност. Не сакаат да се замараат со ситни и за нив неважни детали, уживаат кога некој друг се грижи за се. Биковите родители сакаат патување и активности прилагодени на децата, како одење во Дизниленд. Радо би одбрале места со тематски забавни паркови, аквариуми и огромна зоолошка градина.
Близнаци
Припадниците на овој знак преферираат удобност и брз авионски лет. Уживаат во лутање, разгледување, истражување на ситни детали на древните градски улици и еготичните ориентални плоштади каде запознаваат луѓе од цел свет. Своето друштво за време на патувањето го излудуваат со менување на мислењето во последен момент, форсирање на сопствените желби. При патување Близнаците ги иритира друштво на кое му недостига спонтаност. Сакаат места со голема културна сцена, разигран ноќен живот.
Рак
Како воден знак, Ракот својот одмор би сакал да го помине лежејќи на плажа или би уживал во идиличен пејсаж на некое езеро. Овој, понекогаш материјалистички знак, ужива во купувањето на сјаен накт и трошење пари на луксузни спа третмани. Затоа модните метрополи би биле на врвот на идеални дестинации за Раковите. Тие уживаат во крстарења, во вкотвени јахти на пристаништа на модерни летувалишта, по можност додека сите погледи се вперени кон нив. Иако сакаат море, тие би уживале и во ресторани, одморалишта ми други можности кои ги нудат градовите на обала, како Лос Анџелес, Дубаи и Монте Карло.
Лав
Огнениот Лав најпрво би седнал во својот ресторан и ќе замине онаму каде срцето му сака, каде и да е потребно, колку и да има возење до таму, Сакаат топла клима, печење на плажа и јавање на камили во пустина. Лавовите имаат енергија и кога таа ќе се спои со љубовта кон спортот, резултатот е одлично поминат одмор со рекреативни активности, како патувања, сурфања, нуркање, или планинарење. Не би било чудно доколку се одлучи на стопирање во непозната земја или патување на австралискиот континент со џип.
Девица
Земјените девици најмногу сакаат да го допираат тлото додека патуваат, па така избегнуваат да одат со авион или брод. Бираат автомобил, автобус или воз како превозно средство. Самопочитта секогаш е високо меѓу нивните приритети, па се чуствуваат среќно и задоволни кога можат да се отпуштат на ароматска терапија, јога, медитација или опуштање со масажа третмани. Признаваат само совршен третман во угостителството, а за тоа се спремни да платат колку и да е потребно. Градови со богата музејска понуда се прав избор за нив. Не се чудите доколку пријателите припадници на овој знак ги сретнете во Њујорк, Париз, Москва, Лондон, Сиднеј или Берлин.
Вага
Вагата сака да ги спои луксузот и романтиката. Оние со доволно длабок џеб би се препуштиле на романтично крстарење, по можност без вишок екипаж или едноставно да букираат свое место во хотел со 5 ѕвездички. Многу од нив би штеделе со години само за да си дозволат уживање во гурманска понуда на врвни кувари, секојдневна масажа и сауна, а целото тоа да го спојат со раскошна сатенска постела под балдинини. Вагата обожава диви забави, како оние во Рио Де Женеиро, Монте Карло или Лос Анџелес. Но по таква посета ќе почуствуваат потреба да се одморат од се во селска идила, некаде далеку, без телефон, градска гужва и смог.
Скорпија
Уште еден знак кој ужива во патување со авион. Многу Шкорпии се штедливи, но нивните рационалистички сопирачки попуштаат штом почуствуваат авантура. Младите Шкорпии своето слободно време радо би го искористиле да ја поминат земјата на мотор, со онолку опрема колку што би им собрало под седиштето. Тие ги почитуваат туѓите обичаи и на одмор во Рим би се однесувале како Римјани. Доколку на тоа се додаде љубовта кон хедонизмот и експериментирањето, не е исклучено да уживаат и во забави со гозба, песна, игра, какви има во Рим и Грција.
Стрелец
Огнениот Стрелец најмногу сака топли, што потопли предели на кои својата кожа ќе ја изложи на сончеви зраци. Не се проблематични во изборот на превозно средство, па така лет со авион ќе им годи како и јавање на слон без седло. Секогаш на мака ги ставаат туристичките водичи. Радо би им побегнале и би одлутале во свое патување, а благодарение на нивната желба и знаење засновани на самоиницијативното истражување понекогаш се во состојба да ги посрамат туристичките професионалци. Стрелците сакаат да уживаат во обилна храна и пиење, одење во кино или театар, шопинг, по можност на само неколку минути одење од местото каде се сместени. Добри дестинации за нив се Дубаи, Каиро или Буенос Аирес.
Јарец
За Јарците најдраг одмор би бил оној кога би останале дома, а друштвото постојано ги посетува. Штом малку ги наполнат батериите, подготвени се за понатаму, но повторно најрадо би уживале во домашна атмосфера. Најдобро ќе се опуштат во сопствена куќа на морска обала или на гости кај пријатели . Сакаат да патуваат со автомобил, особено теренско возило. Уживаат во разгледување на уметнички дела и купување на антиквитети, по можност да се ценкаат. Не се склони на егзотични краеви, па така мирот би го нашле во некоја земја од Стариот континент.
Водолија
Уште еден знак кој сака патување со авион. Иако радо би патувале сами, ако се најдат во друштво брзо се привикнуваат на своите сопатници и не ги форсираат премногу сопствените желби. Секогашм се спремни за договор, Сакаат необични работи од туристичките понуди – подводни барови, фотосафари, необични тематски хотели… Водолиите сакаат спој на авантура со софистицирани локации. Сакаат да ги истражуваат шкотските дворци, трансилвабскиот дом на грофот Дракула, да го посетат Тај Махал или Долината на кралевите во Каиро.
Риби
Не е потребно да се каже дека Рибите најдобро се чуствуваат и се снаоѓаат во близина на вода. Сакаат да патуваат со траект, јахта, едрилица или глисер. Похрабрите би ја искористиле секоја можност да бидат на сплав или кану. Во недостаток на можност да уживаат во близина на морска обала, како алтернатива би прифатиле речна идила или поток, мир и зеленило, шума. Подалеку од цивилизација, мир и тишина – ова за Рибите е далеку подобро од обиколка на знаменитости или седење на преполни плажи. Своите слободни денови најрадо би ги поминале во романтични моменти со партнерот, без потреба за премногу комуникација со други луѓе.Плажа, песок, море, сонце…сето тоа е асоцијација на летен одмор. Дали сте размислувале каде оваа годинa и ка

Пронајдете не на следниве мрежи: