Какви биле свадбените обичаи во старо Скопје?

Некои од свадбарските обичаи од минатото во Македонија, се веќе изгубени. Младите денес се повеќе сакаат модерни свадби како оние на славните, кои ги имаат обичаите од Западот.
Но, ајде да се потсетиме какави биле свадбарските обичаи во старо Скопје и што е она што денес е загубено и оставено во сеќавањата на старите жители на Скопје.
Пред звадбата девојката со своите другарки одела на капење во бања и носела со себе погачи и други јадења, а другарките носеле дајриња, па играле македонски ора. Девојките обично се мажеле со помош на наводаџии. Најважна улога на самата свадба имале кумот и деверот.
Деверот ги “плаќал” чевлите на невестата во нејзиниот дом кога ја земале за венчавање. Таа пред него ги пробувала и велела дека не и се точни, се со цел деверот да ги земе, да ги врти три пати во рака и да ја наполни со уште пари.
Побогатите семејства до црквата на венчавка оделе со пајтон, а посиромашните пешки. На чело на колоната до црквата оделе свирачи. Кумот бил многу ценет од младоженците и го сметале за нивен духовен татко. На самата венчавка кумот им ставал на младоженците платно преку рацете кои им се вкрстени, со симболика вечно да останат “врзани” заедно. Младоженците ги дарувале кумот и кумата со бовчалоци.  По вртењето околу олтарот над младоженците се фрлале бонбони и леблебии, со симболика да имаат плоден брак.
Свадбата продолжува со веселба која најчесто била дома кај младоженецот. Во понеделникот, по свадбата, жените оделе на блага ракија ритуал проследен со шеги на сметка на првата брачна ноќ – на свекрвата и се горат гаќите и невестата ги послужува со чашка црвена ракија.
Симболиката на овој чин е чесноста на невестата.

 

 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Некои од свадбарските обичаи од минатото во Македонија, се веќе изгубени. Младите денес се повеќе сакаат модерни свадб

Пронајдете не на следниве мрежи: