Калуѓерот што го продаде своето ферари

„Калуѓерот кој го продаде своето ферари“ е приказна која објаснува еден пристап на практикување едноставен живот исполнет со баланс, храброст и изобилство на задоволство и уживање. Содржината на оваа приказна е интересна промена од здодевното секојдневие, издвојувајќи ги сите добри работи кои можеме да си ги пружиме, но едноставно не си ги дозволуваме самите на себе. Пораката која е проткаена во содржината останува врежана во мислите на читателот. Иако многу од принципите препорачани во оваа книга може да се сретнат во безброј други книги за самоспознавање и спиритуалност, постои разлика во начинот на кој Шарма го проткајува овој концепт во „Калуѓерот кој го продаде своето Ферари “.
Вешто склопената приказна на Робин С. Шарма го претставува  животот на Џулиан Ментлу, адвокат кој е директно соочен со спиритуални кризи. Одеднаш искрата на животот светнува во очите на Џулиан. Тој се впушта во една одисеја која ќе му го промени животот и се впушта во разоткривање и истражување на античката култура на Индија. За време на ова патување тој ја открива вредноста на времето како најзначајна удобност во животот и учи како да ги цени односите со другите, развивањето на позитивни емоции и чувствување и живеење во потполен душевен мир, како секој ден да ни е последен.
За оние кои се во трка по профит и материјален успех, оваа книга може да биде многу корисно четиво. Пораката на книгата можеби би немало големо значење за оние „исклишираните“, но би била вистински предизвик за читателите на кои не им е позната, но се гладни за ориенталната мудрост. Со една реченица- Книга на мудроста!
Прочитајте повеќе на следниот ЛИНК
Купете ја книгата на KupiKniga.mk и збогатете ја вашата лична библиотека со уште едно извонредно дело.Содржината на оваа приказна е интересна промена од здодевното секојдневие, издвојувајќи ги сите добри работи кои можеме да си ги пружиме, но едност

Пронајдете не на следниве мрежи: