„Канибалистот“ Луис ги губи спонзорите: Напишал писмо до ФИФА велејќи дека е невин

Покер 888 е првиот спонзор кој го раскина договорот за спонзорство на уругвајскиот репрезентативец Луис Суарез, по суспензијата од ФИФА за гризнувањето на италијанскиот фудбалер Кјелини.Откако главниот човек на ФИФА му порача на Луис Суарез да побара лекарска помош, следеше и првото раскинување на договор за спонзорство од страна на компанијата Покер 888.
Од компанијата велат дека го раскинуваат договорот поради тоа што Суарез за време на натпреварот со италија го гризна Џорџо Кјелини за рамото.
Суарез беше казнет со потполно исклучување од сите натпревари на светското првенство, но и 4 месеци нема да смее на никаков начин да учествува во какво-било фудбалско збиднување.

По одлуката за суспензија, Суарез напиша одговор до ФИФА, каде вели дека е невин, и дека само изгубил рамнотежа и паднал врз Кјелини, од што се здобил со модринка на лицето и болки во забите.
Нападот со гризнување на Суарез се уште ја бранува јавноста. Не остана рамнодушен ниту поранешниот југословенски репрезентативец, Синиша Михајловиќ, кој шеговито изјави дека ако Суарез го гризнел него „ќе си ги собирал забите од фудбалскиот терен“.Откако главниот човек на ФИФА му порача на Луис Суарез да побара лекарска помош, следеше и првото раскинување на договор за спонзорство од страна н

Пронајдете не на следниве мрежи: