Капело демантира дека добил понуда од Абрамович

Селекторот на фудбалската репрезентација на Русија, Фабио Капело, демантира дека добил понуда да го превземе Челзи.

„Не добив никаква понуда од Роман Абрамович. Ништо од она што е објавено не е точно. Мене ми е добро во Русија“, изјавил Капело за радиото „Анч’ио ло Спорт“. Италијанските медиуми, во претходните денови, пренесуваа дека Абрамович му понудил на Капело да го наследи Рафаел Бенитез на клупата на Челзи. Пред да стане селектор на Русија, Капело беше на кормилото на англиската репрезентација во периодот 2008-2012 година, додека во клупската кариера бил тренер на Милан, Рома, Јувентус и Реал Мадрид.
Макфакс
Селекторот на фудбалската репрезентација на Русија, Фабио Капело, демантира дека добил понуда

Пронајдете не на следниве мрежи: