Караница во СДСМ: Пендаровски и Зекири бараат Џеват Адеми, а не Талат Џафери да биде претседател на Собрание!

По превирањата во СДСМ околу изборот Талат Џафери да биде претседател на Собранието, поставен преку диверзијата со Оливер Спасовски, фаворит на Стево Пендаровски и Мухамед Зекири за претседател на собранието бил командантот на УЧК во Арачиново, Џеват АдемиТензии во СДСМ откако албанските пратеници и поддржувачите на Пендаровски во првата изборна единица каде што СДСМ направи и најдобар резултат, се спротивставиле на изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.
Како што пренесуваат албанските медиуми, во СДСМ се појавило големо незадоволство поради одлуката Талат Џафери да биде избран за претседател на Собранието, а највеќе се противеле Мухамед Зекири и Стево Пендаровски, оправдувајќи го своето бунтување со тоа што албанците кои гласале за СДСМ, гласале против ДУИ, и не би сакале да видат како СДСМ го наградува ДУИ со претседател на Собранието.
Според Зекири и Пендаровски, добитна комбинација за албанец како претседател на Собранието би бил командантот на УЧК во Голема Речица, лидер на АКШ (Албанска национална армија), и шеф на „тајната полиција“ на ОВК во Македонија Џеват Адеми.
Со своите националистички изјави, Адеми значи за најголем заговарач на реактивирање на терористичката организација во случај барањата на албанците од Охридскиот рамковед договор, а сега и од Тиранската платформа да не бидат исполнети.
Во своите говори на партиските средби, Адеми редовно зборува дека тој не се чувствува како политичар и припадник на ДУИ, туку како претставник и припадник на УЧК.
Адеми е дел од црната листа на САД, каде што му е забранет влезот поради учество во терористички организации.Тензии во СДСМ откако албанските пратеници и поддржувачите на Пендаровски во првата изборна единица каде што СДСМ направи и најдобар резултат, се с

Пронајдете не на следниве мрежи: