Карлеуша ЈА ОТКРИ ТАЈНАТА за нејзиниот прекрасен изглед!

Јелена Карлеуша има добиено милион прашања од нејзините обожавателки а на едно писмо на друштвените мрежи таа решила да одговори…Најмногу ги интересирале деталите околу нејзиниот изглед, шминкање, операции…
Погледнете што таа им одговорила…

 
Драги дами,
Илјадници од вас ми поставуваа прашања и бараа одговори на некои женски теми!
Прашањата се многубројни а најмногу се интересирате за тоа кога ќе биде готова мојата нова песна. Работам на тоа, не сакам кога морам да брзам бидејќи сум перфекционист! Ок?
Имено одговорите на најчестите женски прашања гласат…
-Одсекогаш се шминкам сама, користам MAC козметика
-Немам ни една пластична операција на лицето, немам ни Botox
-Пред 15 години ги зголемив градите. Тогаш ставив и привремен филтер во горните усни и резултатите беа катастрофални, па среча после 6 месеци тоа ѓубре изчезна. Полни усни имам на мојата мајка.
-Мојот не така совршен облик на носот го корегиран со техника со сенчење, без шминка тоа е обичен просечен нос.
-Моите фотографии не се фотошопирани
-Тајната на мојот пластично совршен изглед е техника на шминкање или CONTOURING&HIGHLIGHTING кој прави чуда!
-За косата секогаш е задолжена Љубица- „Трис“, бидејќи само таа знае да постигне само ваква бела боја а да не ми го уништи влакното.
-Никогаш не сум била на козметичар, кожата на лицето ја негувам самата и користам исклучиво МЕР крема.
-Сметам дека за мојот убав тен е заслужна мојата исхрана.Не јадам чоколадо, не пијам кафе и не пушам (не пушам цигари, она другото го препорачувам хахаха)
-Секој кој некогаш ме видел во живо и имал прилика нешто да ми каже ми ја има кажано реченицата од која се гадам- Во природа и без шминка изгледаш многу поубаво“!
Според мене тоа е пораз за мене бидејќи многу повеќе луѓе ме гледаат со шминка и на ТВ.
Но јас сакам да експериментирам и не сакам да бидам УБАВА туку РАЗЛИЧНА.
-Имам целулит но за да се види мора некој да го стисне!хахаха
Немам ниту една стрија. Незнам како ни зошто. А и да имам баш „би ме болело уво“
-Немам пластичен задник!Тајната на мојот голем округлест задник е висококвалитетниот целулит(хихихи) преку добро развиен мускул! Кога ќе ослабнам повеќе тоа мое „магично газе“ ќе се намали.
-Не вежбам, освен кога треба да се сликам. Мразам вежбање. Природно сум мускулеста и имам многу долги нозе и раце како на вонземјанин.
-Кога станува збор за стилот- Со него се раѓаш! Ако немате стил, ме имате мене да ве инспирирам!
 Најмногу ги интересирале деталите околу нејзиниот изглед, шминкање, операции…
Погледнете што таа им одговорила…

 

Пронајдете не на следниве мрежи: