„Смеј ми се, смеј”, летната концертна турнеја на Каролина Гочева е откажана.По ненадејната смрт на еден од нејзините менаџери од Авалон, Даниел Милошески, продукцијата одлучи да ги откаже предвидените настапи во Битола, Охрид и Дојран. Влезниците може да се вратат во продажните места каде што се купени со приложување на фискалната сметка.
„Оние кои купиле онлајн билети треба да испратат мејл на [email protected] со бројот на ваучерот и датумот на извршената трансакција”, велат од „Купи карти за се”.
Во рамки на летната турнеја Каролина требаше да одржи концерти во античките театри во Битола (24 и 26 јули) и Охрид (25 јули) и за првпат, во Дојран (Градски парк “Стар Дојран”, 2 август). На концертите се очекуваше над 10.000 публика, а промоцијата на албумот „Македонско девојче 2″ требаше да продолжи наесен со голем концерт во Скопје.По ненадејната смрт на еден од нејзините менаџери од Авалон, Даниел Милошески, продукцијата одлучи да ги откаже предвидените настапи во Битола, Охр



