Касами го притиска Заев: Свикај состанок, не се чувстувувам комотно пред знамето

Loading...

На прашање на новинар на ТВ 24 дали ги признава македонското знаме и химна, претседателот на Беса Биљал Касами, не одговори директно и истакна дека не се чувствува комотно пред знаме кое не го рефлектира идентитетот на Албанците, како што и не може да се чувствува комотно во интонирањето на македонската химна.-Заев треба итно да свика состанок на претседателите на политичките партии коишто го сочинуваат мнозинството за да изнајдат решение во рамките на парламентот, рече Касами.
Според Касами, алибито на Иванов за декларацијата е нелогично, бидејќи оваа декларација е од интерес и за Македонија, како и за сите други етнички заедници во Република Македонија.
-Претседателот Иванов треба да престане и да се тргне од таа позиција со условување на Влада поради заедничката декларација на албанските политички партии. Тој треба да му даде мандат на Заев да почне преговори со албанските политички партии, рече Касами.
На новинарското прашање за каква мултиетничка земја се залага Беса кога во канцеларијата на Касами се истакнати знамињата на Албанија, на САД, на ЕУ, но не и македонското и дали тоа значи дека не го признава македонското знаме, Касами вели:
-Македонија го смени државното знаме, а во тој момент не се донесе решение прифатливо за сите граѓани. Кога би се усвоило ново знаме, согласно интересите на Албанците и другите граѓани, јас сум сигурен дека тоа знаме би било прифатливо за сите граѓани. Ние во овој правец, бараме редефинирање на државата. Желбата за создавање на државата мора да рефлектира со барањата на сите етнички заедници во Република Македонија и затоа ние сакаме да се отворат прашање за идентитетот на државата.
Касами има забелешки и на химната на Македонија.
-Не се чувствувам комотно во интонирање на македонската химна, кога во никој момент не го рефлектира идентитетот на Албанците. Јас не можам да се чувствувам комотно пред знаме кое не го рефлектира идентитетот на Албанците. Еден од условите за идната влада е да се отвори дебата за разгледување на можноста за Македонија да има симболи кои ќе го рефлектираат идентитетот на сите етнички заедници во Република Македонија, одговори Касами.-Заев треба итно да свика состанок на претседателите на политичките партии коишто го сочинуваат мнозинството за да изнајдат решение во рамките на п

loading...