Кавадарци одбројува до почетокот на Т’к Так Фест

Се е подготвено за стартот на четвртиот Т'к Так Фест. Шеснаесте бендови од кои 9 демо бендови кои што ќе се борат за наградите кои ги доделува организаторот, исто толку тапанари кои ќе влезат во трката за Гран При наградата „Трајко Каров“ и седумте ревијални бендови се подготвени за вистинска рокенрол забава.„И годинава очекуваме пред се добра забава, но и да ја продолжиме мисијата на нашиот патрон, Трајко Каров кој не само што се докажа како врвен музичар, туку и како голем помагател и промотор на младите бендови, особено на оние од внатрешноста на земјата“ – вели во својата изјава Марко Матиев, дел од организациониот одбор на фестивалот.
 
Зборувајќи во продолжение за текот на подготовките, програмата и распоредот на концертите, Матиев меѓу другото рече: „Речиси се е подготвено за во сабота. Стартуваме во 21 часот со натпреварувачкиот дел наменет за демо бендовите. Радосни сме што на публиката ќе и понудиме да ужива во авторската музика на девет бендови кои ќе донесет неколку различни рок стилови. Веднаш по завршувањето на натпреварувачкиот дел ќе следуваат концертните настапи на Коцка Лед, потоа ќе ги видиме и слушнеме и штипјаните „Црна Точка“, кавадарчаните „Експирианс“ и „Паја Бенд“, за веднаш по нив да настапат и скопјаните „Д Брадрс Бенд“. „Хроматик Поинт“ како минатогодишни победници ќе имаат свој мини концерт пред македонската публика по кој ќе следува доделувањето на наградите на најдобрите и концертот на уникатните „Фолтин“. Вечерта официјално ќе ја затвори DJ Dane Mandzikosky“.
 
Четвртото издание на „Т'к Так Фест“ ќе се оддржи во сабота, 5 септември, на градскиот базен „Ал Пачино“ со почеток од 21 часот.„И годинава очекуваме пред се добра забава, но и да ја продолжиме мисијата на нашиот патрон, Трајко Каров кој не само што се докажа како вр

Пронајдете не на следниве мрежи: