Kазна од 250.000 евра ако пуши на својот балкон по 20 часот

На жена од Берлин ѝ е забрането да пуши цигара на својот балкон по 20 часот навечер, а ако ја прекрши наредбата од судот се соочува со казна од 250.000 евра или шест месеци затвор.Ута Ф. (52) која живее во стан во Берлин, веќе девет години, има повремена навика да запали по една цигара навечер со чаша вино, или ако не може да заспие. Но, откако незјиниот сосед кој живее кат погоре се пожалил дека чадот од цигарите му влегува во станот и му пречи, судот одлучил дека таа не смее да пуши на сопствениот балкон од 20 до 6 часот наутро.
Двете страни се сложиле со овој договор, а Ута Ф. нема право на жалба, но сепак експертите сметаат дека казната за евентуално непочитување на наредбата е превисока.
Судската наредба се базира на претходна пресуда од 2015 година во која две брачни двојки се тужеле, и добиле забрана во одреден период од денот да не пушат, затоа што чадот од цигарите претставува значително вознемирување за непушачите.
Случајот бил вратен на понизок суд, откако жената од пушачката двојка починала додека траело судењето.
Политичар од Слободната демократска партија ја осуди забраната од судот.
„Да му се забрани на повремен пушач да запали цигара на сопствениот балкон длабоко задира во персоналната сфера“, вели Холгер Крестел, од Слободната демократска партија.Ута Ф. (52) која живее во стан во Берлин, веќе девет години, има повремена навика да запали по една цигара навечер со чаша вино, или ако не може да

Пронајдете не на следниве мрежи: