петок, 13 ноември 2026
Најново

Ќе има ли афтершокови по силниот потрес во Скопје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Земјотрес со магнитуда од 4,2 степена според Рихтеровата скала е почувствуван изутрината во 04 часот и 08 минути во Скопје и околината.Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 13 километри источно од Скопје на длабочина од два километра.
По земјотресот во септември минатата година со магнитуда од 5,3 степени, земјотресот од утринава е втор по јачина. Три афтершокови со помала јачина следеа во септември минатата година по силниот земјотрес.
Сеизмолозите коментираат дека нормално е да има афтершокова активност на послаби земјотреси по потресот од утринава со магнитуда од 4, 2 степени.
Не може да се каже дали има опасност или колкава е опасноста Скопје да се соочи со нов земјотрес, после последниот потрес.Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 13 километри источно од Скопје на длабочина од два километра.

Поврзани вести