Ќе се гради автопат од Гостивар до Кичево или Клинички центар во Скопје.Kако ќе пресметаме за кого се трошат парите?

Груевски даде интервју за Дневник. Доб­ро, а ќе ги ка­же­те ли тие за кои ве­ли­те де­ка има­те ин­фор­ма­ции де­ка вр­шат при­ти­сок врз ДУИ?
-Не тре­ба јас да ги ка­жу­вам. Но мож­но е бр­зо са­ми да си се ка­жат. Се­га те­ра­ат под­затс­кри­е­но.
Мо­рам да за­бе­ле­жам де­ка не­кои ра­бо­ти не ги ка­жу­ва­те от­во­ре­но.
– Ка­ко за по­ли­ти­чар со вак­ва фун­кци­ја, во др­жа­ва со вак­ва го­ле­ми­на и моќ, ка­жу­вам по­ве­ќе од от­во­ре­но и до­вол­но. Јас не сум ни но­ви­нар, ни сло­бо­ден ана­ли­ти­чар, ни по­ра­не­шен или пен­зи­о­ни­ран по­ли­ти­чар. Ка­жа­но­то од ме­не, со мо­ја­та фун­кци­ја и ак­ту­ел­ност на вр­вот на др­жав­на­та по­ли­ти­ка, мо­же да ~ до­не­се проб­ле­ми и пос­ле­ди­ци на це­ла др­жа­ва и јас мо­рам од­го­вор­но да се од­не­су­вам и точ­но да про­це­нам што и во кое вре­ме мо­жам да го ка­жам и до ка­де, без да пре­диз­ви­кам проб­ле­ми за зем­ја­та и за си­те во неа.
Да се вра­ти­ме на плат­фор­ма­та на ал­бан­ски­те пар­тии. Ед­но од ба­ра­ња­та, кое е од по­о­дам­на, е и по­ве­ќе па­ри за Ал­бан­ци­те од бу­џе­тот на Ма­ке­до­ни­ја, сме­тај­ќи де­ка по­ве­ќе при­до­не­су­ва­ат от­кол­ку што до­би­ва­ат?
-Тоа е те­ма што теш­ко мо­же крат­ко во ед­но вак­во ин­тер­вју да се об­јас­ни. Тре­ба по­го­лем прос­тор за де­ба­та. Но ќе на­фр­лам неш­то.Не­ка­ко мо­же­би и мо­же да се ут­вр­ди кој кол­ку при­до­не­су­ва во бу­џе­тот, иа­ко не­ма да е лес­но да се де­фи­ни­ра­ат кри­те­ри­у­ми­те и тоа ќе трае мно­гу дол­го. Ако не­кој са­ка да поч­не­ме так­ва пос­тап­ка, јас сум за, са­мо да не­ма ка­е­ње по­тоа, от­ка­ко ќе ги до­би­е­ме ре­зул­та­ти­те.
Но не­ка ми од­го­во­ри не­кој ка­ко ќе прес­ме­та­ме на ко­го се тро­шат па­ри­те ко­га ќе се гра­ди ав­то­пат од Гос­ти­вар до Ки­че­во или кли­нич­ки цен­тар во Скоп­је или ко­га ста­ну­ва збор за оп­ре­ма за кли­ни­ка­та во Те­то­во итн. кол­ку ќе се при­пи­ше де­ка оди за Ма­ке­дон­ци­те, а кол­ку за Ал­бан­ци­те или Тур­ци­те или ос­та­на­ти­те. Или пре­чис­ти­тел­на ста­ни­ца во Гос­ти­вар, чис­те­ње на ка­на­ли­те во По­лог, кол­ку ќе се при­пи­ше де­ка е ин­вес­ти­ци­ја за Ма­ке­дон­ци­те ин­вес­ти­ци­ја, а кол­ку за Ал­бан­ци­те и по кој кри­те­ри­ум. Што пра­ви­ме со но­ви­те во­зо­ви, град­ски­те ав­то­бу­си во Скоп­је, тро­шо­ци­те за ам­ба­са­ди­те во стран­ство, ави­о­ни­те за га­се­ње по­жа­ри, Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја, чис­те­ње­то на ко­ри­та­та на ре­ки­те, но­ви­те га­со­во­ди… Ќе се зап­лет­ка­ме во бес­крај­ни ма­те­ма­ти­ки и рас­пра­вии.
Но, ДУИ е под пос­то­јан при­ти­сок од ал­бан­ска­та опо­зи­ци­ја де­ка Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја не до­би­ва­ат до­вол­но од бу­џе­тот?
– Се­ко­ја ал­бан­ска пар­ти­ја во опо­зи­ци­ја, во си­те овие 25 го­ди­ни ја кри­ти­ку­ва ал­бан­ска­та пар­ти­ја на власт де­ка мал­ку из­дејс­тву­ва­ла за мес­та­та ка­де што пре­теж­но жи­ве­ат Ал­бан­ци. Во си­те 25 го­ди­ни е ис­то, и та­ка и ќе би­де се­ко­гаш. Ле­ги­тим­на по­ли­тич­ка бор­ба. Но да­ли е тоа ре­ал­ност е со­се­ма дру­го пра­ша­ње. Ова е те­ма што јас мо­жам со се­ко­го да ја де­ба­ти­рам, но ба­ра по­ве­ќе вре­ме.Од дру­га стра­на, во вак­во вре­ме и пре­го­во­ри пос­та­ву­ва­ње ус­ло­ви од ва­ков тип не би би­ло ниш­то дру­го ос­вен еден вид по­ли­тич­ка уце­на. Тоа би би­ло ис­то ка­ко на­ред­ни­от пат ВМРО-ДПМНЕ да по­бе­ди со 63 пра­те­ни­ци и да ја уце­ну­ва не­ко­ја ал­бан­ска пар­ти­ја ко­ја оче­ку­ва да вле­зе во вла­ди­на­та ко­а­ли­ци­ја, да при­фа­ти бу­џет по мер­ка што ние ќе ја скро­и­ме по не­кој наш ар­шин ко­рис­теј­ќи ја мо­мен­тна­та пред­ност со пра­те­ни­ци. А таа пред­ност де­нес ја имаш, ут­ре ја не­маш.Зна­е­те, ние тре­ба ту­ка дол­го­роч­но да ра­бо­ти­ме и да се раз­би­ра­ме во по­зи­ти­вен дух, а не со пре­пир­ки и уце­ни, и со прис­тап од де­нес до ут­ре. Окол­нос­ти­те ќе се ме­ну­ва­ат, но ние гра­ѓа­ни­те и пар­ти­и­те ос­та­ну­ва­ме. Ам­ба­са­до­ри­те ќе си за­ми­нат по не­кое вре­ме, пар­ти­и­те во нив­ни­те зем­ји ќе се ме­ну­ва­ат, ме­ѓу­на­род­ни­те окол­нос­ти се мен­ли­ва си­ту­а­ци­ја. Дип­ло­ма­ти­те до­а­ѓа­ат и си за­ми­ну­ва­ат, ние тре­ба ту­ка да жи­ве­е­ме и да со­ра­бо­ту­ва­ме. Ко­га се до­не­су­ва­ат од­лу­ки­те, тре­ба да се мис­ли и дол­го­роч­но ос­вен крат­ко­роч­но.
Има ли дру­ги ба­ра­ња што ДУИ мо­же да ги ис­по­ра­ча? Од дру­га стра­на, јав­нос­та е све­док де­ка ал­бан­ски­те пар­тии пос­то­ја­но се во офан­зи­ва, пос­то­ја­но има­ат не­как­ви ба­ра­ња?
– Да­ли ДУИ мо­же да ба­ра неш­то плус, нај­доб­ро би ви од­го­во­ри­ле са­ми­те тие. Но, да се раз­бе­ре­ме, ние го­во­ри­ме це­ло ова ин­тер­вју за ра­бо­ти што ДУИ ги от­во­ра. ВМРО-ДПМНЕ ис­то та­ка има мно­гу пра­ша­ња да дис­ку­ти­ра со ДУИ во на­ред­ни­те 20 де­на. Има­ме и ние свои ба­ра­ња. Има мно­гу проб­ле­ми што ги за­се­га­ат Ма­ке­дон­ци­те и во­оп­што си­те гра­ѓа­ни или ако са­ка­те и Ал­бан­ци­те и мо­ра да ги от­во­ри­ме со нив и да ба­ра­ме ре­ше­ние. Има по­ве­ќе сла­бос­ти, ано­ма­лии, не­по­чи­ту­ва­ња за­ко­ни, не­по­чи­ту­ва­ње прет­ход­но по­ли­тич­ки до­го­во­ре­ни неш­та, сла­бос­ти што про­из­ле­гу­ва­ат од нив­ни кад­ров­ски ре­ше­ни­ја, не­со­од­вет­на при­ме­на на не­кои за­ко­ни итн. Ние има­ме долг спи­сок точ­ки за раз­го­во­ри со нив.Ние не пла­ни­ра­ме да раз­го­ва­ра­ме са­мо за овие 2-3 ра­бо­ти. Има мно­гу пра­ша­ња што тре­ба да се рас­чис­тат. Има ог­ром­но не­за­до­вол­ство на Ма­ке­дон­ци­те што жи­ве­ат во сре­ди­ни во кои ДУИ има гра­до­на­чал­ни­ци или ка­де што мно­зинс­тво­то на­се­ле­ние се Ал­бан­ци, а мал­цин­ско­то на­се­ле­ние се Ма­ке­дон­ци, вклу­чу­вај­ќи ја и при­ме­на­та на Ох­рид­ски­от рам­ко­вен до­го­вор во тие мес­та.Доб­ро, а ќе ги ка­же­те ли тие за кои ве­ли­те де­ка има­те ин­фор­ма­ции де­ка вр­шат при­ти&

Пронајдете не на следниве мрежи: