Тоа што омилениот турски ерген Бариш Ардуч летово ќе ја официјализира врската со брак, не им се допадна на многу обожавателки кои не ја сакаат неговата избраничка, актерката Гупсе Озај.
Сепак, убавиот заводник е решен да стане татко и сака што побрзо да заплови во брачните води. Одвреме-навреме Бариш се активира на социјалните мрежи, а меѓу новите фотографии може да се забележи дека има нова тетоважа на левата рака, а истата ја направи по веста за свршувачката.
Станува збор за едноставна црна лента која е околу неговиот бицепс, под претходната тетоважа. Што значи оваа црна лента за него, останува непознато.
Тоа што омилениот турски ерген Бариш Ардуч летово ќе ја официјализира врската со брак, не им се допадна на многу обожавателки кои не ја сакаат него



