Ке се стопира Кембриџ програмата во средното образование

По укинувањето на  екстерното тестирање, новата влада ќе разгледува правни механизми да ја укине и наставната програма Кембриџ по која треба да учат и средношколците од учебната 2017/2018 година. Новата министерка за образование и наука Рената Тренеска Дескоска има сличен став како за екстерното тестирање така и за Кембриџ програмата велејќи дека програмата предизвикувала конфузија кај учениците и низа на негативни реакции кај наставниците и родителите.За наставниците од 1-3 одделение, констатирано е дека кај 97% од наставниците кои ги пополниле прашалниците по обуката, постои голема согласност дека со обуката се стекнале со потребните вештини за да работат по новата наставна програма
Пред обуката, 54% од овие наставници се чувствувале самоуверени дека ќе можат да ги применуваат новите стратегии на подучување за да ја предаваат новата наставна програма, но по обуката оваа бројка се зголемила на 92%
Кај наставниците од 4-6 одделение, 96% од наставниците по природни науки и 95% од наставниците по математика постои голема согласност дека со обуката се стекнале со потребните вештини за да работат по новата наставна програма
96% од овие наставници би ја препорачале обуката која ја посетувале на други наставници.
Една од главните придобивки од Кембриџ програмата во македонското образование е поквалитетно образование на учениците базирано на меѓународно споредливи стандарди. Квалитетот на образованието се подигнува бидејќи со овие наставни програми се фаворизира примена на современи методи и техники во наставата и активно учење преку истражувачки ученички активности што пак од своја страна ја подобрува педагогијата на поучувањето и пристапот на учење кај учениците.
За наставниците од 1-3 одделение, констатирано е дека кај 97% од наставниците кои ги пополниле прашалниците по обуката, постои голема согласност де

Пронајдете не на следниве мрежи: