ЌЕ ЗАСПИЕ УШТЕ МАЛКУ: Дали е ова најлошото симулирање во фудбалот?

Видеото ни пристигнува од Еквадор, од натпреварувањето Копа Либертадорес. Имено, голманот на Барселона Спортинг Клуб, Максимо Бангуера, во натпреварот против Атлетико Национал се обиде да избегне црвен картон со евтина глума.Во 90-та минута од натпреварот, Бангуера излезе далеку од својот гол и покоси еден играч на Атлетико. На сите им беше јасно дека таа постапка заслужува црвен картон. За да го избегне црвениот картон, еквадорскиот голман остана неподвижно да лежи на теренот, глумејќи дека е тешко повреден.
Меѓутоа, судијата не падна на неговиот трик и сепак го прати во соблекувалната. Видеото покажува како Бангуера воопшто не добил силен удар.
Односно, Бангуера со левата рака го покоси противничкиот играч. Покрај црвениот картон, тој заработи и доза срам во својата фудбалска биографија, со добра препорака за улогата „жив мртовец“.
Погледнете и уверете се:
Во 90-та минута од натпреварот, Бангуера излезе далеку од својот гол и покоси еден играч на Атлетико. На сите им беше јасно дека таа постапка заслу

Пронајдете не на следниве мрежи: