Ќерка на познат актер 7 години живеела како кобила: „Галопирав и пасев трева“

Кејт Хаворд (47), ќерката на покојниот актер Конрад Филипс, вели дека од својата шеста до тринаесетта година живеела како коњ.Таа денеска работи како терапевт, но како дете обожавала да носи узди, да се движи на четири нозе и да пасе трева.
Така, таа си направила грива, опашка, копита и потковици.
Хаворд пораснала на фарма во Шкотска, каде има доволно простор за трчање и уживање. Вели дека има „дух на коњ“, кој прв пат влегол во неа кога победила во Шкотска на трка на сите четири.
„Како да духот на коњот влезе во мене. Се чувствував така слободно и силно, а еуфоријата се зголеми со фактот дека сама победив во трката. Од тогаш секоја прилика ја користам да се претставам како коњ“ – вели Кејт на која денеска ѝ е јасно дека тоа е детски облик на носење со стресот.
И нејзината помлада сестра подоцна почнала да се претвора дека е коњ, а заедно осмислија 32 различни коњски карактеристики и секоја има свое име.
„Одев во зоолошка со своите родители и грицкав цветови од брокула, па дури и трева“ – вели таа.
Нејзините коњски денови еден ден ги прекинал татко ѝ Конрад.
„Поминував низ комшискиот приод, кога кај мене дојде татко ми и ми рече со својот шекспирски, актерски глас, `дојде време, драга моја, кога секоја млада дама мора да ги одложи своите потковици`. Тоа беше необичен момент. Тој ден моето детство заврши“ – раскажа Кејт за „Дејли Меил“ и додаде дека тогаш почувствувала дека некој го притиснал прекинувачот.Таа денеска работи како терапевт, но како дете обожавала да носи узди, да се движи на четири нозе и да пасе трева.
Така, таа си направила г

Пронајдете не на следниве мрежи: