Кичево ја даде својата поддршка За заедничка Македонија

Пред платото на Домот на културата во Кичево и вечерва се одржа грѓански протест за поддршка на иницијативата “За заедничка Македонија”.На присутните им се обрати Даме Силјаноски кој рече дека македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија поминале низ многу премрежија и предизвици низ историјата.
– Многу пати ни се заканувала опасност од наше истребување, од наше исчезнување, но она што е факт македонискиот народ секогаш бил на старана на заедништвото и затоа никој не можел да го истреби. Така е и денеска. Народот е посплотен од кога и да е, народот е обединет во име на Македонија, во име на националните и државните интереси, во име на заедничка Македонија за сите нејзини граѓани, рече Силјаноски.
Тој ги повтори барањата на граѓанската иницијатива.
– Иницијативата „За заедничка Македонија” бара во име на граѓаните да запрат сите партиски превирања и несогласувања и да ја оствариме целта за која сите се залагаме, а тоа е Македонија да остане унитарна, самостојна, суверена и независна, бидејќи цениме дека само на таков начин ќе имаме подобар и попросперитетен живот. Ова е земја на сите и ќе биде земја на сите. Каква што ни ја оставиле нашите предци таква треба да им ја оставиме и на нашите деца. Ве повикувам мирно и достоинствено како што ни доликува на протестен марш низ градот да го искажеме нашиот протест и решителност да се спротивставиме на најавените сценарија за иднината на нашата татковина Македонија, истакна Силјаноски.На присутните им се обрати Даме Силјаноски кој рече дека македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија поминале низ многу премрежија и пре

Пронајдете не на следниве мрежи: