Сум имал прилика да свирам во скоро сите градови во Македонија. Секаде е исто. Луѓето се супер, весели. Овде е секогаш поинаку од другите земји, секогаш е весело. Има убави жени, насмеани. Убава е храната, климата, убаво е виното.Тој важи за најдобар судија на регионалното шоу Х-Фактор. Го прашавме дали знае да ги искара ако задоцнат на проба, ако се несериозни или ако не работат.
-Во принцип не. И кога ќе им се случи тоа, јас ги поддржувам во тоа. Да бидат такви какви што навистина се, вели Кики.
За Даниел Кајмакоски никогаш не штеди убави зборови, па го оправда и за неговото непојавување на прес-конференцијата во Скопје.
-Јас не можам да го осудам и да му се лутам. Се уште е нов во оваа работа. Нема свој менаџер кој одлучува за се. Тој дури сега ги учи првите чекори, кои се многу важни. Нему му треба озбилен менаџер кој ќе се занимава со неговата кариера, а него да му препушти само да пее и да биде свој, каков што сите го засакаа. Со неговата луда насмевка и однесување на сцената. Јас немам што да му замерам, тој е и ќе биде голем професионалец, вели Кики.
Кики е ментор на женската група, но вели дека од сите кандидати, Даниел најмногу се издвојува.
-Даниел е фаворит број еден. Тоа се гледа по гласовите кои ги добива. Не знам понатаму што ќе се случува…
Повеќе на КурирТој важи за најдобар судија на регионалното шоу Х-Фактор. Го прашавме дали знае да ги искара ако задоцнат на проба, ак



