Ким Кардашијан би можела да се збогати, бидејќи продажбата на нејзината нова видео-игра „Холивуд“ оди по нагорна линија.Се предвидува дека најпознатата старлета на светот ќе заработи дури 200 милиони долари. Нејзината видео-игра е објавена пред повеќе од месец дена, а веќе се наоѓа на второто место на листата за продажба. Според Дејли Мејл, играта посебно и се допаѓа на младата публика, а популарноста ја стекнала поради интересниот заплет. На почетокот од играта, играчите бираат одредена јавна личност и потоа ја носат низ Холивуд и одат на гламурозни забави.
„Овој проект е неверојатно искуство за мене. Многу сум возбудена што луѓето уживаат во мојата видео-игра. Партнерите ја направија оваа апликација која се наоѓа на третотото место во категоријата на бесплати игри во Аpp Store“, изјави старлетата и додаде дека играта ќе се менува од време на време.
„Водевме сметка за секој аспект од игрта, нејзиниот дизајн и ќе продолжиме така и во иднина“, заклучи Ким.Се предвидува дека најпознатата старлета на светот ќе заработи дури 200 милиони долари. Нејзината видео-игра е објавена пред повеќе од месец дена,



