Кина ја реорганизира владата за да ја поттикне ефикасноста и да ја задуши корупцијата

Кина во неделата објави план за реструктуирање на владата според кој се намалуваат министерствата за де и моќното министерство за железници во рамките на друго, додека новите челници настојуваат да ја зајакната ефикасноста и да ја задушат корупцијата во најнаселената земја на планетата.Оваа реформа преставува најголемиот намалување на бројот на министерствата од 1998 година, кога тогашниот премиер Жу Ронгџи изврши престројување на Државниот совет, а се совпаѓа со се’ поголемата загриженоста на јавноста поради транспарентноста и бирократското удвојување.Владата Комисијата за планирање на семејството, агенција којашто ја надгледува контроверзната политика на едно дете, ќе ја спои со министерството за здравство, како и ќе ги зајакне овластувањата на телото за контролата на храната и лековит, се наведува во владиното соопштението објавено во текот на годишното заседание на парламентот.„Многу оперативни, организациски и проблеми на поделбата на трудот постојат сега во министерствата на Државниот совет“, изјави генералниот секретар на Советот, Ма Каи во говорот посветен на планот за реформи на Националниот народен конгрес.Додаде дека „кршењето на должноста, користењето на положбата за сопствена полза и корупцијата“ не се ефикасно искоренети.Идниот кинескиот претседател Си Џинпинг и идниот премиер Ли Кечианг ги преземаат своите нови функции по завршувањето на годишниот конгрес кој ќе се одржи следната седмица.Министерството за железници и Комисијата за планирање на семејството се особено непопуларни и нивното реформирање беше очекувано.Министерството за железници имаше многу проблеми последните години, меѓу кои и големите долгови направени со финансирање на железничките линии со големи брзини, загуби и злоупотреби. Железницата ќе биде вклопена во министерството за транспорт, а владата вети дека ќе ја отвори кон приватните инвеститори.Функционерите за планирање на семејството познати се по принудувањето на жените на абортуси за да ги постигнат државните цели за наталитетот на најбројната светска нација. Според извештајот, планирањето на семејството мора да се продолжи на основа на стабилните и ниски стапки на наталитетот, меѓутоа политиките мора да бидат унапредени.
МакфаксКина во неделата објави план за реструктуирање на владата според кој се намалуваат министерствата за де и моќнот

Пронајдете не на следниве мрежи: