Кина одлучна во намерата да го уништи доларот како светска валута

Кина од вчера дозволи директна трговија меѓу јуани и евра на меѓубанкарскиот девизен пазар. Овој чекор се смета за обид на истиснување на доларот како најкористена валута во светот. -Овој систем веќе нуди платформа на која се одвиваат трансакции меѓу јуани и евра, а со воведување на оваа директна трговија доларот веќе нема да биде користен како валута посредник
Американскиот економист Снајдер предупредува дека најголемата земја на светот се обидува да изврши удар на доларот.
-На финансискиот пазар Кина игра шах, и се обидува да го забрза долгорочниот план на симнување на доларот од тронот. Тие се најголеми светски извозници и набрзо ќе имаат и најјака светска економија па не им одговара американскиот финансиски систем да доминира во светот.
Тие веќе му се потсмеваат на јавниот долг на САД, а и јавно се заканија дека ќе престанат да го откупуваат долгот на САД, поради тоа и почнале да постигнуваат договор за размена на пари со сите големи глобални сили. А Кина поседува невидени количини на злато па само прашање на ден е кога доларот ќе пропадне.
-Доколку Кина одлучи за јуанот да гарантира со злато и престане да го користи доларот во меѓународната трговија, тоа ќе ја уништи американската економија- тврди Снајдер.
-Доларот не е под опсада. Всушност, тој сега е под помал притисок отколку што беше претходните години. Сега се споменува дека од тронот ќе го симне јуанот а претходните години дека тоа ќе биде еврото. Сепак промена во финансискиот систем не се случи.
Доларот е се уште најкористена валута. -Овој систем веќе нуди платформа на која се одвиваат трансакции меѓу јуани и евра, а со воведување на оваа директна трговија доларот веќе нема да б

Пронајдете не на следниве мрежи: