Кире Лазаров патува кон Загреб – Дали капитенот ќе може да игра?

Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров кој на вчерашниот меч со Шпанија се здоби со повреда на задната ложа на десната нога, во моментов патува кон Загреб каде ќе му бидат извршени детални прегледи, објави спортскиот портал Спортмедиа.Капитенот поради повреда на бутниот мускул на десната нога во 11. минута излезе од игра и повеќе не се врати.
-Во моментов Лазаров патува на прегледи во Загреб, каде треба да биде констатирана сериозноста на повредата. Од нашиот табор не известија дека резултатите ќе бидат познати попладне, објави порталот.
Македонија ја чекаат уште два важни меча на ЕП за пласман во историското полуфинале, утре против Чешка и во среда против силната Данска, која вчера и го нанесе првиот пораз на Германија.
ВИДЕО: Како се повреди Кире Лазаров?
Капитенот на репрезентацијата ја напушти играта во 11. минута, поради повреда на задниот бутен мускул.
Лазаров со болна гримаса, потскокнувајќи, ја напушти „Вараждин Арена“, а деталните лекарски прегледи, кои се закажани во текот на денешниот ден, ќе ја дадат сликата околу состојбата на нашиот најдобар ракометар.
Раул: Не верувам дека Лазаров ќе може да игра
Македонија се соочува со огромен хендикеп во пресрет на двата преостанати меча од групата во Вараждин на ЕП во Хрватска, бидејќи, најверојатно, Кире Лазаров не може да игра.
Тоа беа зборовите на селекторот Раул Гонзалес, на прес-конференцијата по поразот од Шпанија (20-31).
„Не верувам дека Лазаров ќе може да игра на наредните два натпревари. Најверојатно остануваме без него до крајот на првенството. Повредата не изгледа добро. Тоа ќе биде голем проблем за нас, бидејќи тој е играч на кој се базира нашата игра и ќе биде многу тешко без него во продолжението“, рече селекторот.
Лазаров се повреди уште пред средината на првиот дел со Шпанија, а проблем беше, по се изгледа, десното колено, бидејќи држеше вреќичка мраз на него, на клупата.
 
Капитенот поради повреда на бутниот мускул на десната нога во 11. минута излезе од игра и повеќе не се врати.
-Во моментов Лазаров патува н

Пронајдете не на следниве мрежи: