Кире Лазаров се огласи по историскиот успех на Металург и Вардар

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров им го честита пласманот на Металург и Вардар во четвртфиналето од Лигата на шампионите.-Честитки за нашите два ракометни клубови. Секоја чест, наполнивте многу срца македонски. Покорени се две ракометни велесили, Германија и Данска. Горди сме на вас, напиша Лазаров на својот Фејсбук профил.
Металург се пласираше во четвртфиналето откако и во вториот меч го совлада дански Колдинг, денеска на гостински терен со 30:26. Вардар направи сензација во Германија и го победи европскиот шампион Хамбург со 30:29.
Пласман во четвртфиналето обезбеди и Барселона на Лазаров, откако го елиминираше Алборг. Во четвртфиналето е можно повторно Барса и Лазаров да ги гледаме во Скопје.-Честитки за нашите два ракометни клубови. Секоја чест, наполнивте многу срца македонски. Покорени се две ракометни велесили, Германија и Данска. Г

Пронајдете не на следниве мрежи: