„Класика за деца“: Концерти на Пламенка Трајковска – гудачки квартет во НУЦК „Ацо Шопов“ и ОУ „Владо Тасевски“

Пламенка Трајковска – мали камерни состави во рамките на проектот „Класика за деца“, продолжуваат со своите концерти. Тие ќе реализираат концерти на 13 мај (петок) во НУЦК Ацо Шопов – Штип, и на 16 мај (понеделник) во ОУ Владо Тасевски во Скопје. Концертот во НУЦК Ацо Шопов е со почеток во 19 часот и е со наслов „Моцартисимо“ на кој ќе настапи Пламенка Трајковска – гудачки квартет.На концертот „Моцартисимо“ на интерактивен начин децата ќе бидат запознаени со композициите и делата на најголемиот композитор на класичната ера – Волфганг Амадеус Моцарт.
Посебно внимание ќе биде посветено на најмладата публика кај која ќе биде побуден интересот за гудачките инструменти кои го сочинуваат гудачкиот квартет – виолина, виола и виолончело.
Концертот во ОУ Владо Тасевски ќе се одржи во 11.30 часот. Овој концерт е трет од циклусот концерти за деца со наслов „Гудачки квартет во наше маало!“
И на овој концерт ќе настапи Пламенка – гудачки квартет. На концертот, освен учениците од основното училиште се поканети и граѓаните од маалото од скопската општина Карпош и сите добронамерници.
„По концертите од циклусот `Гудачки квартет во наше маало` во Скопје и концертот `Што е тоа гудачки квартет` во Кичево еве имаме можност да реализираме уште два концерти за деца во Штип и Скопје. Огромниот успех кој го имавме пред децата кои вистински уживаа во концертите и ја наградуваа секоја композиција со огромен аплауз за нас се мотив да продолжиме со концертите и со нашта едукативна мисија. Досега опфативме околу 1500 деца и можеме да ги највиме и нашите следни концерти за деца во рамките на Скопско лето и во Гази баба.“
Тимот на Пламенка Трајковска досега реализираше голем број на концерти со извонреден успех, но овие се едни од позначајните бидејки за прв пат ќе реализираат концерт со класична музика со едукативна намена пред штипската публика и пред децата од општина Карпош.
Концертите се реализираат под покровителство на Министерството за култура и Градот Скопје.
На концертот „Моцартисимо“ на интерактивен начин децата ќе бидат запознаени со композициите и делата на најголемиот композитор на класи

Пронајдете не на следниве мрежи: