Клаус: Трагедијата на Украина беше искористена за почеток на нов конфликт меѓу Западот и Истокот

Според поранешниот претседател на Чешка, Вацлав Клаус, постои нова студена војна, која не ја предизвика Русија, туку Западот, јави дописникот на МИА од Прага.Во интервју за руската опозициска телевизија „Дожд“, Клауд ја означи Украина за вештачка творба.
– Мене ми е тешко на таков начин да ја оценувам ситуацијата, но се плашам дека трагедијата на Украина беше искористена за почеток на нов конфликт меѓу Западот и Истокот, што не требаше да се случи – вели Клаус во интервјуто.
Тој додаде дека Западот го искористил внатрешниот украински проблем и руската реакција била само одговор на ситуацијата, а не причина за проблемите. Клаус посочи дека решавањето на конфликтот треба да се базира на преговорите меѓу Киев и бунтовниците, и тоа во Украина.
Истовремено, Клаус навести дека смета на распаѓање на Украина, што се очекуваше уште кога земјата ја нарече вештачка творба.
Ставовите на Клаус се слични на тие на актуелниот чешки претседател Милош Земан поради кои деновиве беше критикуван.
Земан ја смета украинската криза за внатрешна, а не диригирана од Русија.Во интервју за руската опозициска телевизија „Дожд“, Клауд ја означи Украина за вештачка творба.
– Мене ми е тешко на таков нач

Пронајдете не на следниве мрежи: