Клековски: Не можеме да имаме перфектно прочистен список

Странците се директно вклучени во прочистување на избирачкиот список, вели Сашо Клековски во анализа на ТВ Нова.-Странците имаат свои претставници и цело време го мониторираат прочистувањето на избирачкиот список. Треба да разбереме дека не можеме да имаме перфектно прочистен список, тоа го нема никаде во светот. Меѓутоа да биде список што ја отсликува реалната состојба – да се види кои се починати, кои се преселиле во странство со цел да добиеме реална слика, рече Клековски.
Во анализата на ТВ Нова, Сашо Клековски зборуваше и за ОБСЕ, притисоците на меѓународната заедница и притисокот врз најголемите партии во земјава.
Тој смета дека фокусот на сите е ставен врз тоа да има избори, а не да се бојкотираат истите.
-Разликата во однос на април е тоа што ОБСЕ ја воспостави својата мисија за изборите. Тие во моментов го анализираат текот на работите. Фокусот на сите е ставен врз тоа како да се обезбедат услови за да има избори, а не на одлагањето на истите. Притисокот е паднат врз ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да се договорат, иако во некои моменти ми се чини дека притисокот е повеќе насочен кон СДСМ, рече тој.-Странците имаат свои претставници и цело време го мониторираат прочистувањето на избирачкиот список. Треба да разбереме дека не можеме да имаме пе

Пронајдете не на следниве мрежи: