Климовски: Народот си го бара суверенитетот назад

Сведоци сме дека речиси 40-на дена граѓаните си го бараат суверенитетот назад.Го бараат назад со право, биодејќи беа спроведени постизборни измами со подметнување на таа Тиранска платформа и поставување услови за создавање на одредена коалиција, со тоа што мотивите на СДСМ се преку исполнување на антиуставните и антидржавните барања содржани во платформата да формира Влада со коалиционите партнери од албанскиот блок, смета универзитетскиот професор и политички аналитичар Александар Климовски.
-СДСМ форсираат, спротивно на деловникот, побрзо да ги изведат  процедурите – да се избере преседател на Собрание, но и да се изврши груб притисок врз другите институции, пред се во праводудството, зашто лидерот на СДСМ е заглавен во судски постапки, но и навреме да ги испорачаат диктатите наметнати од нивните коалициони партнери, пред се мислам на ДУИ и Алијансата на Албанците, да се реализираат барањата од туранската платформа. Најпосле тие барања се ветувања што албанските партии ги имаат дадено на своите гласачи, но верувам дека со оглед на тоа што 60.000 Албанци гласаа за СДСМ, можеби и СДСМ е обврзана да реализира нешто што го ветила претходно, а не е влог што го поседувала, а тоа се оние одредници на државата – јазикот и обележјата, со кои игра, но очигледно губи, народот си го бара суверенитетот назад, рече Климовски.
Во интервју за ТВ НОВА, Климовски истакна дека раководството на СДСМ е глуво и немо пред апелите на илјадниците луѓе кои протестираат. Вели дека излезот од оваа ситуација е утврден во една од точките на манифестот што го понуди ВМРО-ДПМНЕ,  а тоа е да се седне на маса и да се развие дијалог, бидејќи не може да се оди кон тоа насила да се урива уставен поредок.Го бараат назад со право, биодејќи беа спроведени постизборни измами со подметнување на таа Тиранска платформа и поставување услови за создавање на

Пронајдете не на следниве мрежи: