Климовски: СЈО создава гнев и револт кај граѓаните

Универзитетскиот професор Александар Климовски во интервју за Сител вели дека целокупниот овој процес најблаго кажано притисок и тортура на основните одредници на македонската држава и македонскиот народ како што се унитарноста особено нагризување на нејзиниот суверенитет, во последно време се подпомогнати од еден платенички систем инсталиран во опозициската СДСМ кој што е подпомогнат пак од СЈО.-Токму оваа ситуација кои тие ја наметнаа со тој однос и тој начин на работа за одредено раководство од ВМРО-ДПМНЕ, создаваат гнев и револт кај граѓаните кои што може да излезе надвор од контрола и токму затоа треба да прекинат овие уцени, вели Климовски.
Тој истакна и дека своето мислење за СЈО го има кажано во многу наврати и дека тоа е тело кое е парадржавен орган надвор од рамките на уставот, а особено неговиот начин на работа и функционирањето укажува на тоа дека се работи за институција која целосно е ставена под контрола на СДСМ и особено кон оние непријателски елементи кои се насочени кон унитарноста и кон рацепување на македонското ткиво.
-Евидентно е дека секогаш пред одредени настани, особено пред предизборието стапнува на сцена СЈО како истурен орган на СДСМ во правење на притисок токму во она што значи македонско ткиво и фокусот е токму таму ставен за да се направат уцени и закани, за да се создаде атмосфера за се што ќе се прифати евентиално од страна на СДСМ кое е против уставно и е насочено против унитарноста и суверенитетот на државата да се релативизира и тоа народот да го проголта. Меѓутоа народот е доволно мудар и свесен дека сето ова што се прави е во насока на разбитување на државата на повеќе темели, за да се реализира планот на сценаристот, а тоа е растурање на оваа држава, федерализација, што беше најавувано уште од Зоран Заев. И гледајќи го тајмингот ова е темпирано точно во оние моменти за да може планот да се оствари, но меѓутоа тоа оди потешко бидејќи народот ги препознава активностите на СДСМ, рече Климовски.
Тој вели и дека веќе не треба да се зборува за прашањата како што се двојазичност и федерализацијата и тие повеќе да не се дискутираат- секоја дискусија отвара можност за радикализација на македонскиот народ, а тоа не е добро за целата држава.-Токму оваа ситуација кои тие ја наметнаа со тој однос и тој начин на работа за одредено раководство од ВМРО-ДПМНЕ, создаваат гнев и револт кај гра

Пронајдете не на следниве мрежи: