Џенифер Анистон, Сиена Милер, Денис Ричардс како и многу други успешни и убави жени во Холивуд се членки на клубот во кој никој доброволно не би се приклучил. Број на членови на клубот, изневерени жени постојано расте, а ние ви ги презентираме само некои од поновите членки.
Рис Витерспун
Холивудската актерка Рис Витерспун беше во брак седум години, со колегата Рајан Филипи со кој има две деца. Иако американските таблоиди од самиот почетокот бракот го осудија на пропаст, сепак капката која ја прели чашата беше вонбрачна врска на Рајан со неговата колешка Аби Корниш. Рис во тоа време како актерка заработила 20.000.000 $ за улога, а со сопругот не потпишале предбрачен договор, и по разводот и многу веројатна е поделба на имотот, а Рис да го извлече подебелиот крај.
Со еден збор, не само што нејзиниот поранешен сопруг ја измами туку таа уште и мора да му даде дел од својот имот по разводот.
Ума Турман
Кога во 2003 година се појавија гласини дека односот помеѓу актерката Ума Турман и режисерот на Квентин Тарантино ја надминал границата на професионален за време на снимањето на „Убиј го Бил“, нејзиниот тогашен сопруг Итан Хоук не се загрижи многу за тоа.
Но, наводно тој и вратил на актерката во двојна мера, па тој ја изневерил со млад канадски модел. Двојката набрзо после тоа се разведе по пет години поминати во брак. Ума сè уште е слободна, додека нејзиниот поранешен сопруг повторно се ожени.
Сандра Булок
И холивудската актерка Сандра Булок стана член на клубот на жените кои биле измамени кога откри дека нејзиниот сопруг, моторџија Џеси Џејмс ја мамел со повеќе жени одеднаш.
На листата на неговите љубовници, се најде и уметничката Кат Вон Ди која со Џеси продолжи во врска откако тој се разведе Булок.
Инаку, Сандра Булок е во моментов ужива во статус на слободна жена, а за да најде утеха по разводот актерката одлучил да посвои дете.
Тори Спелинг
Актерката Тори Спелинг стана позната по својата улога како Дона Мартин во серијата „Беверли Хилс“, која беше емитувана речиси десет години. Сепак, нејзината актерска кариера тогаш го достигна врвот и Тори интересот го префрли кон телевизија.
Таа има снимено неколку семејни реалити програми, и баш во текот на емитувањето една од тие програми откри дека нејзиниот сопруг ја изневерувал и се било соодветно документирано на телевизија.
И покрај јавната прељуба, Тори Спелинг и нејзиниот сопруг Дин Мекдермонт сè уште се во брак.
Викторија Бекам
Ниту еден од најпознатите холивудски бракови, не помина без несогласувања. Дејвид и Викторија Бекам се заедно од средината на деведесеттите години и имаат четири деца.
Сепак, првиот сериозен тест на овој брак се случи во 2004 година, кога личната асистентка на Давид и дадилката Ребека Лос изјави за еден таблоид дека имала секс со познатиот фудбалер. Во бројни телевизиски настапи по скандалот, Ревека покажа секси пораки кои и ги испратил фудбалерот и детално ги опиша сите шест средби, каде што таа наводно, била со Бекам.
Сепак, се што Дејвид и Викторија изјавија по овој повод беше дека „Ребека Лос е лажлива крава“ и дека „нивниот брак, и покрај сите овие проблеми станал многу посилен“.Број на членови на клубот, изневерени жени постојано расте, а ние ви ги презентираме само некои од поновите членки.
Рис Витерспун
_original.jpg)


