Коцијанчич: Ја охрабруваме новата влада да спроведе кредибилни избори

Европската комисија повторно ги потсетува политичките партии дека спроведувањето на Договорот од Пржино е од најголема важност за враќањето на Македонија кон евроатлантскиот пат, изјави за „Мета“портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич, додавајќи дека работата на специјалниот обвинител е од витално значење за да се врати довербата во владеењето на правото.– Ја имаме предвид оставката на поранешниот премиер и ја охрабруваме новата влада да го спроведе не само политичкиот договор, туку и другите итни реформи. Ја имаме предвид и одлуката на Парламентот да се самораспушти следниот месец, со цел да се одржат избори на денот договорен во политичкиот договор (24 април), но, исто така, потсетуваме дека одржувањето на кредибилни избори вклучува и спроведување на неопходните реформи. Очекуваме сите политички партии и државните органи да соработуваат во решавањето на отворените прашања и веднаш да се обезбеди потребната поддршка на Државната изборна комисија, со цел да се обезбедат услови за кредибилни избори – рече Коцијанчич, додавајќи дека меѓународната заедница нема да се двоуми да ја изрази својата загриженост за подготовката на избори и однесувањето за време на кампања, што внимателно ќе ги следи.
Коцијанчич рече дека Брисел смета дека се уште има простор и време за да се спроведат неопходните изборни реформи, со цел да се има фер избори.
– Во оваа фаза, заедно со ОБСЕ / ОДИХР, веруваме дека се уште е можно да се направат неопходните реформи за кредибилни и демократски избори, под услов да се спроведат. Но, сето тоа зависи од постигнатиот прогрес и од таа причината, кон средината на февруари ќе ја разгледаме работа, особено на Избирачкиот список. Тоа ќе го правиме со сите засегнати страни (Европската комисија, земјите членки на ЕУ, ОДИХР, ДИК и локални претставници), со цел да се процени дали условите за кредибилни избори се исполнети за предвидениот датум – рече Коцијанчич.
Во врска со законот за медиуми, на кој заглавија работните групи за спроведување на Договорот од Пржино, Коцијанчич ги повика политичките партии да соработуваат и да ги спроведат неопходните реформи.
– Комисијата во повеќе наврати јасно ја истакна својата загриженост за слободата на медиумите, слободата на изразување и квалитетот на новинарството. Комисијата ги повикува сите инволвирани страни да работат заедно и да постигнат напредок за потребните реформи, во согласност со европските стандарди – рече Коцијанчич.– Ја имаме предвид оставката на поранешниот премиер и ја охрабруваме новата влада да го спроведе не само политичкиот договор, туку и другите

Пронајдете не на следниве мрежи: