Моментот кога Фахрета Јахиќ станала Брена се случил многу пред што ја запознавме како пејачка.Како што открива, прекарот го добила уште во средно училиште и тоа на кошаркарски натпревар.
„Во тој период почнав активно да тренирам кошарка. На теренот настана и мојот прекар- Брена.
Прекарот ми го даде тогашниот тренер, Влада Бајер.
Додека шутирав на кош, тој ми довика: „Ајде сега, Брено!“. Во Босна тоа беше синоним за убава девојка. Секогаш сакав да се истакнувам, да се изборам за свое место под сонцето. Ма, бев како шило! Затоа се најдов и под кош, со топката во рака. Тука дојде до израз и мојата смисла за реалност. Сфатив дека не сум доволно талентирана за кошарка и дека секогаш ќе има подобри од мене кои нема да ги достигнам. Кога подоцна Саша ме праша дали имам некој прекар, се сетив на таа случка, и така нстана- Брена. За време на гимназијалските денови почнав да пеам по игранки. Конечно сфатив дека сцената е мој терен“, раскажала Брена во една прилика.
Милован Илиќ Минимакс се погрижил на Брена во 1981 да ѝ биде придадено и Лепа, а со тоа што веројатно не бил свесен дека направил уметничко име чие буквално значење било „Убава убава девојка“.
„Да знаев на самиот почеток дека ќе достигнам толкава популарност, би учествувала во осмислување на својот прекар“, вели пејачката.Како што открива, прекарот го добила уште во средно училиште и тоа на кошаркарски натпревар.
„Во тој период почнав активно да тренира



