Кога ќе чуете на што се била подготвена оваа девојка, казната која ја добила ќе ви изгледа смешна!

Наташа Утамсинг на поранешното момче му приредила одмазда од пеколот кога одлучил дека треба да раскинат, но на негова среќа кармата ги вмешала прстите и решила да ги исправи работите.Наташа ја излажала полицијата дека ја давел и тепал, па дури и успеала да го убеди судијата да му издаде забрана за приоѓање поради злоставување.
Но, овие лаги биле откриени и таа е уапсена кога детективите откриле порака која сама себе си ја пратила од телефонот на момчето во кое стоело дека ја силувал.
Оваа самохрана мајка исто така го променила и медицинскиот картон по докторскиот преглед во кој напишала дека полицијата треба да го истражи овој измислен напад.
Потоа од судот побарала нејзиното момче да добие забрана за приоѓање и променила контакт во телефонот со негово име за да изгледа дека ја барал 25 пати.
На среќа полицијата успеала да ги открие нејзините лаги и наредните 15 месеци Наташа ќе ги мине во затвор.
„Кога дечкото ѝ рекол дека треба да раскинат, Наташа му кажала дека е бремена и се заканила дека ќе го пријавиза напад во случај да се обиде да ја остави. Потоа измислила дека ја давел и секојдневно ја малтретирал, а следниот ден изјавила дека се обидел да ја силува“, изјавиле нејзините адвокати.
Покрај затворската казна, Наташа добила забрана најмалку пет години да не му приоаѓа на момчето, членовите на нејзиното семејство или пријателите.Наташа ја излажала полицијата дека ја давел и тепал, па дури и успеала да го убеди судијата да му издаде забрана за приоѓање поради злоставување.

Пронајдете не на следниве мрежи: