Кога созреваат мажите?

Анкетата во која се проучувани разликите во зрелоста меѓу половите, открила дека и мажите и жените се согласуваат околу тоа дека мажите се вечни деца и дека се однесуваат незрело сè до доцните триесетти, или почетокот на четириесеттите години од својот живот. Тие се емоционално незрели се до својата 43 година одживотот и почнуваат да се однесуваат како возрасни, дури 11 години после жените, кои созреваат најдоцна до својата 32 година.
Алармантно е што осум од десет жени одговориле дека не веруваат дека мажот може во било која доба од животот да престане да се однесува детинесто.Молчење за време на расправија, неспособноста да си направат едноставен оброк, повторување на истите шеги и приказни кога се во друштво со други момци, исто така се оценувани како знаци на незрелост. Мажите дури и сами за себе ќе кажат дека се деца, додека нивните блиски веруваат дека тоа се зрели луѓе на кои можат да се потпрат.
Четвртина од испитаните жени сметаат дека тие ги носат одлуките во врската, а исто толкав број сметаат дека мажите би требало почесто да зборуваат за своите чувства. Три од десет жени одговориле дека ја прекинале врскаат зашто ги изгубиле нервите, трудејќи се околу незрел маж.
Дури 46% од жените одговориле дека имале врски во кои се чувствувале како да се мајки на својот партнер. Незрелоста сепак има и добра страна , бидејќи четири од десет жени одговориле дека битно е врската да остане забавна. Една од три испитани жени рекле дека веруваат во тоа дека незрелоста ќе помогне нивните мажи полесно да се поврзат со своите деца.
Извор: lady.mkАнкетата во која се проучувани разликите во зрелоста меѓу половите, открила дека и мажите и жените се согласуваат

Пронајдете не на следниве мрежи: