Кога започнува саемот на книга?

26-тиот, по ред Саем на книгата 2014  несомнено ќе биде место на литературни читања и обраќања на еминентни автори од оваа област кои одново ќе ја истакнат моќта на книжевните дела како суштински фактор за културното творештво на секој народ.Читателите и посетителите на саемот на книга ќе може да бидат сведоци на многу промоциите на најнови изданија, на нови автори и промоција на голем број домашни и странски издавачки куќи.
Саемот на книгата, е од големо значење и е една од најпосетените саемски манифестации кај нас, која учествува во создавањето на традицијата и култот кон пишаниот збор, кој секако ги обединува луѓето.
Во рамките на саемот и оваа година продолжува со веќе традиционалната акција “Подари книга, подари богатство” со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.
Оваа акција има за цел поттикнување на подарувањето на книга посебно кај младата популација како најсоодветен подарок за сите пригоди: родендени, имендени, јубилеи и празници, покажувајќи пример за целата јавност дека не треба да се заборави на печатеното издание.
Кампањата е насочена за поддршка на издавачката дејност преку стимулирањето на купувањето книги и љубовта кон пишаниот збор, како трајна вредност што облагородува.
Читајќи книга овозможете си луксуз на душата….
Времетраење на саемот од 08.04.2014 до 14.04.2014Читателите и посетителите на саемот на книга ќе може да бидат сведоци на многу промоциите на најнови изданија, на нови автори и промоција на голем

Пронајдете не на следниве мрежи: