Кои македонски вина ќе ги пиеме на Вино Скоп 2014

Вино Скоп 2014 е подготвен да испише уште една винска приказна во срцето на Скопје. На 24 септември по осми пат, посетителите на најопуштениот скопски фестивал ќе имаат можност да дегустираат вино од 40-тина винарии, производители на квалитетно македонско вино. Мускат, Траминец, Александрија, Вранец, Темјаника,  Мерлот, Каберне Совињон, Пинот Ноар, Кавадарка,  Шардоне, Белан, Ризлинг, Совињон Бланк, Семилон, Смедеревка, Ркацетели, Темјаника, Жилавка, Станушина се само дел од сортите кои се одгледуваат во нашиот регион, а кои посетителите ќе може да ги пробаат на реномираниот вински фестивал. Афинитетот кон одгледување на грозје за производство на вино е еден од најважните во нашата историја бидејќи уште од времето на македонската династија, преку римската империја, раното христијанство и се до ден денеска виното игра значајна улога во македонската традиција и во сите славенички церемонии.   Македонија е земја богата со голем број винарии, а повеќето од нив ќе земат учество на Вино Скоп 2014.  На фестивалот ќе може да дегустираме вино од: Стоби, Далвина, Попова Кула, Попов, Тиквеш, Сковин, Пивка, Сопот, Бовин, Картал, Повардарие, Трајковски, Дудин, Визба Валандово, Винар, Изворно, Вардарска долина, Камник, Алтан и многу други.
Од досегашното искуство на овој фестивал се покажа дека македонците пијат повеќе црвено вино и тоа од сортите Мерлот и Вранец, додека од белото вино најпопуларни се Траминец и Мускат. 
Низ годините и вековите , убавата географска положба и многуте сончеви денови прават македонското вино да биде меѓу најквалитетните  во светот, а сето тоа надополнето со убавата музичка програма ветува уште една незаборавна фестивалска година. Но, доброто вино не оди и без добра храна, па така гурманите во посебниот „Food Corner“ ќе може да дегустираат од најдобрите сувомесни и млечни производи кои одлично одат со чаша вино.

 
За повеќе информации, посетете го официјалниот сајт- www.vinoskop.com и официјалната фан страна-https://www.facebook.com/pages/%D0%92%D0%B8%D0%BD%D0%BE-%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF/409589785771880Вино Скоп 2014- Бидете дел од една различна приказна!Конзумирајте и дегустирајте одговорно!
Афинитетот кон одгледување на грозје за производство на вино е еден од најважните во нашата историја бидејќи уште од времето на македонската династ

Пронајдете не на следниве мрежи: