Кои пороци им се „омилени“ на младите во Македонија?

Велат секој додека е млад треба да проба повеќе работи. Со тоа ќе стекне повеќе искуства и во иднина ќе може да распознава што е добро, а што не.Но, како тоа „додека си млад треба да пробаш се“ го сфаќаат младите во Македонија? Сведоци сме на голем број пороци кои се присутни во животот на младите. Многу истражувања покажале дека на младите поинтересно им е да пробуваат забранети работи, отколку она што им е дозволено.

Па, така и младите во Македонија. Тие се повеќе сакаат да пробуваат алкохол, цигари, дрога, обложувалници, казина и слично.
Верувале или не, овие работи стануваат секојдневие кај младите. Една забава не поминува без повеќе чашки алкохол, ако во друштвото се пушат цигари тогаш и ти треба да пропушиш, на некое излегување се погодува барем еден да пробал марихуана, па веднаш дава идеја секој да проба уште вечерта, по секоја забава доколку никој не сака да оди дома, зашто да не се продолжи во казино, на рулет или покер и многу други примери кои покажуваат како младите лесно се приближуваат до пороците и ги прифаќаат како дел од нивниоот начин на живот и забава.
Денес, уште од 12 години се почнува со конзумирање на алкохол и цигари што се еден од најраспространетите пороци кај младите, но и едни од најтешките да се уништат.

 
Можеби повеќето почнуваат да пијат или пушат од забава или под влијание на друштво, но младите не се свесни дека тоа е првиот чекор да се стане „зависен“ од овие пороци.

Со дрогата е слично, а и со обложувањето и коцкањето. Иако некои посетуваат обложувалници и казина за забава, откако ќе се добие еднаш или два пати, тоа преминува во завист бидејќи секој пат по некоја журка или додека се поминува покрај казино, ќе се влезе чисто „да се проба среќата“.
Не за џабе некој рекол „парите може да те маѓепсаат“. Тоа е и во ваквите случаи кога едноставно ве фаќаат во замка и ве тераат да станете зависни од коцка.
Можеби не постои целосен спас од пороците кај младите во Македонија и пошироко. Сепак, доволно е да се крене нивната свест и да им се укаже уште од млади години дека се си има своја граница и она „додека си млад пробај се“, не важи за пороците кои може да уништат нечии живот.Но, како тоа „додека си млад треба да пробаш се“ го сфаќаат младите во Македонија? Сведоци сме на голем број пороци кои се присутни во

Пронајдете не на следниве мрежи: