Кои се 5-те најпаметни луѓе на сите времиња?

Брилијантни умови, далеку пред своето време, луѓе кои оставиле неизбришлива трага во човековата историја, пишува think.mk.
 Запознајте ги 5-те најпаметни луѓе на сите времиња, кои ги објави порталот think.mk.
5. Алберт Ајнштајн
Кога се работи за светските генијалци, секако дека еден од најпопуларните е токму Алберт Ајнштајн. Списанието Time во 1990 година го прогласи Ајнштајн за „Личност на векот“ поради неговите теории за просторот и времето, како контроверзната формула за односот меѓу масата и енергијата (E=mc2). Прочуениот научник има изработено обемни студии за црните дупки и гравитационите полиња и добитник е на Нобеловата награда за физика во 1921 година.

4. Леонардо Да Винчи
Да Винчи го одбележа своето време. И не само тоа, неговите проучувања, скици, па дури и обичните чкртаници биле векови пред времето во кое живеел. Овој ренесансен човек, славен по своите дела како „Мона Лиза“ или „Последната вечера“, бил еден од првите кој ги истражувал и документирал механизмите на човековата анатомија. Имал и теории за географските периоди и тектонските плочи додека неговите современици мислеле дека Земјата е рамна. Да Винчиевата технолошка генијалност вклучува и теории за соларната енергија, хидродинамиката и за машини како дигитронот, тенкот, подморницата и авионот. Околу 500 години пред навистина да се појават.
 
3. Теренс Тао
Математиката е тешка за многумина, но никако и за Теренс. Роден во 1975 година, овој модерен генијалец започнал да решава математички проблеми со навршени две години и добил најдобар резултат на сите времиња на SAT математичкиот тест кога имал 8 години. Тао започнал да посетува часови по математика кои се учат на факултет на 9-годишна возраст и добил диплома и магистерска титула на 16 години. До 20-тата година добива докторат на Принстон и потоа станува редовен професор на калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес, на 24 години. Покрај тоа што има напишано преку 230 научни трудови, колегите научници го ценат Тао и поради неговиот допринос за хармониската анализа, парцијалните диференцијални равенки, адитивната теорија на броевите, како и комбинаториката.
 
2. Стивен Хокинг
Стивен Хокинг е повеќе од научник-квадриплегичар кој користи компјутер за говор поради компликациите со амиотрофичната латерална склероза. Тој е блескав ум кој има развиено теории за космологијата, црните дупки и квантната гравитација. Прв ја објаснил космологијата како врска помеѓу квантната механика и Ајнштајновата општа теорија на релативноста. Како што здравствената состојба на Хокинг се влошуваше, тој разви начин да комуницира користејќи ги очите и научи да пресметува равенки и да развива теории во својата глава, како што е неговиот втор закон за динамиката на црните дупки и откритието на Хокинговата радијација во 1970 година. Хокинговата книга „Кратка историја на времето“ била бестселер преку четири години во Велика Британија од 1980 година.
 
1. Никола Тесла
Додека повеќето големи умови добивале поддршка од своите сопруги, асистенти и пријатели, Тесла бил претежно сам во текот на своите откритија. Како човек пред своето време и електро инженер, Тесла има околу 700 патенти. Додека Томас Едисон и Џорџ Вестингхаус ги презеле заслугите за пронаоѓањето на електричните светилки и слични активности, Тесла работел како консултант кај двајцата и го патентирал AC индукциониот мотор и е заслужен за многу други изуми. Тој го открил електричиниот систем за наизменична струја, радио комуникацијата и е заслужен за развојот на рентген технологијата. Направил патент за авион кој користи концепт церада-ротор/церада-крила, без кој не би постоеле модерните авиони. Неговиот систем за наизменична струја овозможил значително полесен и поефикасен пренос на електрична енергија на далечина. Бил клучниот човек за изградба на првата хидроцентрала на Нијагарините водопади. Номиниран е за Нобелова награда, но никогаш не ја добил. Без неговите изуми буквално не би постоел модерниот свет што денес го познаваме.
 Запознајте ги 5-те најпаметни луѓе на сите времиња, кои ги објави порталот think.mk.
5. Алберт Ајнштајн
Ког

Пронајдете не на следниве мрежи: