Кои се девојките на најбогатите фудбалери?

Фудбалерите често со себе имаат убави и згодни манекенки. Тоа е како непишано правило, фудбалерите со себе да имаат поубави половини кој во најголем случај се манекенки и фото-модели.
Погледнете ги девојките и сопругите на најбогатите фудбалери во светот.
Златан Ибрахимовиќ во Пари Сен Жермен заработува околи 14.5 милиони годишно, и во својата фудбалска кариера носеше дресови на најголемите европски клубови. Но кога е во прашање приватниот живот, тој не е склон на промени па со својата вереница Хелена Сегер се забавува уште од 2002 година.
Интересно е тоа што неговата вереница Хелена е постара од него дури 11 години, и бидејќи сега има 42 години повеќе не се занимава со манекенство . Таа сега е домаќинка и мајка на нивните два сина Максимилијан (6) и Винсет (4). Хелена обожава да готви, а интересно е и тоа што многу сака мотори. Покрај платата на нејзиниот вереник, веруваме дека ги има сите омилени.

Фернандо Торес е малку поразличен од другите, бидејќи се забавува со класична “девојка од соседството“ Ола Домингез која е позната само поради тоа што е негова сопруга. И Торес со својата сопруга се забавува подолго време, бидејќи се познаваат уште од 2001 година , а тајно се венчаа во 2009 година. Торес во Челзи заработува 11 милиони годишно.

Дамата која и сама има длабок џеб е госпоѓата Руни. Колин е позната британска ТВ водителка и колумнистка, а порано работела и за познати личности, наоѓајќи спонзори, аранжмани за сликање или интерјуа. Низ својата кариера работела во разни списанија, а нејзините приходи знаеле да бидат и до 5 милиони долари годишно.

Популарниот Шрек можеби покрај себе ја има „најопасната Фиона“. Таа има 26 години, а Вејн го запознала кога имала само 12, за само 4 години подоцна да започнат да се забавуваат.

Лео Меси потпиша нов договор со Барселона според кој до 2018 година ќе добива околу 12 милиони годишно, а тоа сигурно и се допаѓа на неговата сопруга Антонела Рокучо.
Антонела и Лео се забавувале од 2009 година, а веднаш потоа го добиле и нивниот прв син Тијаго.
Антонела во Аргентина студирала за нутриционист, но за да се посвети на семејството се преселила во Барселона каде планира да ги доврши студиите.
За девојката на Кристијано Роналдо, и нема многу што да се каже. Доволно е да ги погледнете нејзините фотографии за најпознатите списанија и модни брендови во светот. Интересно е тоа што нејзиното вистинско презиме е со кое е родена не е Шајк, туку Шаихлисламова, па не е тешко да се претпостави зошто го скратила и го земала ова пократко.
 
 
 Фудбалерите често со себе имаат убави и згодни манекенки. Тоа е како непишано правило, фудбалерите со себе да имаат поубави половини ко

Пронајдете не на следниве мрежи: