Кои се менторите на StartQube- летниот камп за стартапи и претприемачи и зошто треба да бидете таму

Loading...

Како што се приближува StartQube, интернационалниот летен камп за стартап бизниси и млади претприемачи од Македонија и регионот, организаторите на настанот најавуваат се повеќе возбудливи детали за се што ќе се случува за време на настанот, програмата, слободните активности и менторите, како еден од најважните делови од StartQube. Листата се движи од успешни основачи на стартапи со огромни инвестиции, до акцелератори и инвестициски фондови, инвеститори и многу повеќе. Менторите на StartQube се добра причина да не ја пропуштите можноста да учествувате на еден несекојдневен настан кој носи дел од европската стартап сцена во Македонија.

На настанот доаѓаат неколку ментори, основачи на стартап компании кои го изодиле вистинскиот пат до својот успех и добиле повеќе инвестиции и брз раст. Асиф Раџа, основач и генерален менаџер на Mindmakr и Activ8, британски компании, веќе ни е познат како ментор на Codefest, а сега во една поинаква насока ќе има можност да пренесе искуства за креирање на ефективни тимови во кои секој член има можност да го даде најдоброто од себе. Од словенскиот Повио, неговиот основач ќе пренесе искуства за процесот за влез во Y Combinator, еден од најпрестижните светски акцелератори, како и што значи да се води стартап со повеќе инвестиции и излез во Силиконската Долина.

Андреа Фебраио, претприемач, инвеститор, интернационален спикер и автор, доаѓа од Италија со над 15-годишно искуство како сериски дигитален претприемач, основач на милионски компании, и инвеститор со интерес за стартап сцената во регионот. Во насока на развивање на стартап подготвен за инвестиции, Трејси Спаркс од САД пренесува знаења од областа на стратешки бизнис дизајн, подготовка за инвестиција и раст на бизнисот, како и можностите на ImpactHub и Investment Ready програмите.
Како ефективно искуство од Западна Европа, присутните на StartQube ќе имаат можност да се запознаат и со Викторија Мартинез, основач и претседател на Ајндховен Стартап Фондацијата, и советник за StartupDelta. Викторија својот прв стартап го основала како дете, а од тогаш тие и прераснале во пасија.
Претставници од неколку регионални акцелератори исто така се наоѓаат меѓу реномираниот тим на ментори на StartQube. Од Словенија доаѓа еден од основачите и Стартап Менаџер на ABC Accelerator, со интерес за презентирање на програмите на овој акцелератор пред македонските стартапи. Во иста насока доаѓаат и двајца претставници од Yunus Social Business, глобален акцелератор и инвестициски фонд кој неодамна отвори Балканско седиште во Албанија, а Македонија е една од таргет земијите на нивните програми.
Од Македонија, Ристе Мише, експерт за маркетинг анализа и директни странски инвестиции, ќе претстави можности за инвестирање кои се достапни а помалку познати кај нас. Ко-основачите на StartQube, Јасна Тренгоска и Вилијам Асиама, ќе имаат една од завршните работилници за улогата на вас како индивидуа, во вашиот стартап.

И ако сето ова не е доволно, вчера како “breaking news” на веб сајтот и социјалните профили на StartQube, беше најавен еден од највлијателните луѓе во последните 5 години на европската технолошка сцена, Мајк Бачер, уредник за најголемиот светски портал за технолошки новости, TechCrunch. Мајк има огромно медумско искуство и на учесниците на StartQube ќе им пренесе вредни совети за тоа како да го навлечат вниманието на медиумите и јавноста кон нивниот проект и како да го презентираат истиот.
Од организацијата велат дека се очекува најава на уште неколку ментори во следните денови. Целта им е на StartQube да донесат дел од најдобрите и највлијателните креатори на регионалната стартап сцена, со цел и Македонија да биде во чекор со истата. За сите учесници, ова претставува одлична можност одблиску да се запознаат со сите овие луѓе на едно место, и сериозна прилика што отвара многу врати за понатамошниот развој на нивните идеи, проекти, стартапи, итн. Резервирајте си билет на https://startqube.codequbate.me/booking и дозволете си неделата помеѓу 1ви и 6ти септември на Велестово, Охрид, да биде полна со настани што ќе ви го променат претприемачкиот живот.Листата се движи од успешни основачи на стартапи со огромни инвестиции, до акцелератори и инвестициски фондови, инвеститори и многу повеќ

loading...
Loading...