Кои се најиздржливите телефони на светот?

Loading...

Ова се телефоните на кои и Bear Grylls би бил горд. Доколку спортувате, имате авантуристички дух и ви треба силен и издржлив телефон, тогаш погледнете ја нашата листа…1. Nautiz X1
Ова е телефон кој ги исполнува MILSTD-810G и IP67 стандардите. Што значи ова? NautizX1 е отпорен на екстремно високи температура, влажност, вибрации, паѓање на земја и отпорен е на течност. Телефонот поседува 4 инчен екран на допир, а ваш избор е дали ќе купите верзија со инсталиран Android 4.0 или Windows 6.5
Цена: околку 899 долари
 
 2.CAT B15

Caterpillar е бренд кој го асоцираме со машини, како на пример булдожери, но компанијата нуди мобилен телефон кој дефинитивно заслужува да се најде на нашата листа. Според компанијата, телефонот е доволно силен што може да издржи пад од 1,8 метри. Освен тоа, водоотпорен е и може да работите на екранот дури и кога е влажен.
Цена: 349 долари

 

 
3. JCB ToughPhone Pro-Smart
Телефонот на JCB е отпорен на вода, прашина, падови и поседува IP67 сертификат. За жал, телефонот има застарен хардвер со single-core 800MHz процесор и само 256 мегабајти RAM.
Цена: 279 фунти

4. NEC Terrain
На изглед, не би рекле дека е најубавиот телефон на светот, но е поцврсто од сите телефони што би ги купиле во локалната мобилара. Телефонот ги исполнува MIL-STD-810G стандардите, што значи дека е отпорен на шок, течности, прашина и екстремни температура. Добивате Snapdragon S4 процесор, 1GB RAM и екран со резолуција од 640 x 480 пиксели.
Цена: 429 долари

Повеќе на GSM.MK

1. Nautiz X1
Ова е телефон кој ги исполнува MILSTD-810G и IP67 стандардите. Што значи ова? NautizX1 е отпорен на екстрем

loading...
Loading...