Кои се најопасните професии во светот?

Канцелариската работа можеби ви изгледа досадна, па сакате да смените и да испробате некоја возбудлива и по малку опасна работа? 
Знаете ли кои се најопасните професии во светот кои може да бидат опасни по вашиот живот? 
1. Вулканолог 
Многу луѓе живеат во области на активни вулкани, па понекогаш е потребно професионалец кој ќе знае како да се справи со реакциите предизвикани од вулканот. Вулканолозите редовно го пратат чадот и движењето на магмата за да можат да предвидат евентуални ерупции. Затоа, тие мораат често со хеликоптер да летаат точно над кратерите од активните вулкани.

2. Виролог 
Во оваа професија вие секогаш би биле во контакт со заразни вируси и супстанци. Секоја грешка може да биде фатална за вас, а и околината. Затоа оваа професија е една од најопасните професии во светот. 

3. Чистач на прозори
Чистењето на прозорци и не е така возбудливо, но доколку се случува на неколку метри надморска височина адреналинот е неизбежен. Постојат голем број на несреќи, а последната се случила во 2007 година на Менхетен. Безбедносната опрема затаила на 47-от спрат (144 метри)  од еден облакодер, едно лице загинало на самото место, а другото се здобило со тешки повреди. Затоа доколку решите да се занимавате со оваа професија, мора да бидете многу внимателни и пред се да не се плашите од височини.

 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Канцелариската работа можеби ви изгледа досадна, па сакате да смените и да испробате некоја возбудлива и по малку опас

Пронајдете не на следниве мрежи: