Кои се најплатените професии во време на криза?

И во тешките времиња постојат професии во светот кои обезбедуваат добра заработка.Книговодител
Со своите образование, средношколско или факултетско, за книговодителот е важно искуството со водењето книги. За оние најдобрите, се залагаат познатите компании. Оној кој положи и добие сертификат, може да креира сопствен бизнис и со добра мрежа на клиенти да оствари голема заработка. Предноста на оваа работа е што може да се работи од дома, и нема потреба од големо вложување во почетоците на самиот бизнис.
Програмер
Со текот на годините се зголемува побарувачката од искусни и професионални програмери, а компаниите се натпреваруваат се со цел да ги задржат крај себе оние, најдобрите. Условите за работа се одлични и секој би ги посакал. Оние кои не сакат да се поврзуваат со големите компании, до заработка доаѓаат преку свои авторски проекти кој се добро платени преку онлајн “freelance” страниците.
Преведувач
На искусните преведувачи работа никогаш не им недостасува. Компании од различни области, издавачки куќи и адвокатските комори се само некои од клиентите кои речиси секогаш имаат потреба од ангажирање на професионален преведувач.
Односи со јавноста
Експертите за односи со медиумите се потребни на речиси сите компании, непрофитни организации, министерства како и политички странки. Пишување соопштенија, реализација на разни иницијатива, пишување говори, се само некои од многуте креативни побарувања од самите клиенти. Речиси и во најголемата криза, сите компании имаат потреба од овие експерти, за според одредени проценки, побарувачката за истите до 2018-та година ќе порасне за 24%.

 
Сопствен бизнис
Ако ви е преку глава од вашиот шеф и работното време, или пак сте еден од оние кој во биро за вработување чека некој друг да му даде услови за работа, охрабрете се и самите вработете се. Важно е да имате добра идеа и да знаете со што работите. Ако мислите дека имате добро сетило за бизнис, штета е да не се обидете.
Freelance автори и уредници
Многу светски магазини и весници имаат потреба од автори и уреници, се со цел да заштедат и избегнат вработување на луѓе во постојан работен однос. За пристоен хонорар се ангажираат автори и уредници се со цел да работат на уредувањето на магазинот или весникот во само одреден период, без постојано работно време. На пример, во САД – просечно оваа работа е платена 80.000 $ на годишно ниво.
Виртуелен асистент
Иако поимот виртуелен асистен кај нас е се уште реалтивно непознат, во светот, посебно во Америка, се смета за една од најбрзините растечки професии. Виртуелните асистенти се експерти кои своите административни улоги им ги нудат на разни компании. Спрема податоците на меѓународното здружение на виртуелни асистенти, тие нудат услуги во книговодството, обработувањето на податоци, маркетингот, па и планирање и аналитика. Оваа професија е навистина добро платена, на пример, во америка од час, е платена помеѓу 25-100 долари.

 

Агент во “Call” центар
Во светот се повеќе се бараат агенти за работа во овие центри, и тоа работа оддома. Само во Северна Америка има околу 60.000 вакви центри, а 20% работата ја завршуваат од дома. Доколку се работи од 30-35 часа неделно во Америка агентите можат да заработат околу 2.000 долари. Тоа е пристојна заработувачка, а посебно за работа која што се врши од дома.
Експерт за компјутерска техничка подршка
Ова е едно од најмногу бараните и најдобро платените професии кои во иднина ќе се бараат уште повеќе.
Финансиски планер или советник
Финансиските експерти кои своите клиенти ги советуваат како да ги трошат своите финансиски средства или ги подучуваат компаниите како поекономично да работат, вложуваат или пак даваат совети кај донесувањето на разни одлуки за инвестиции и слично. Ваквите експерти во Америка годишно заработуваат најмалку 100.000 долари.
Извор: Think.mkКниговодител
Со своите образование, средношколско или факултетск

Пронајдете не на следниве мрежи: