Кои се придобивките од кикириките?

Добра вест за „зависниците“ од кикирики! Слободно продолжете да грицкате бидејќи тие го подобруваат помнењето, спречуваат Алцхајмерова болест, ја поддржуваат бременоста и го штитат плодот, се борат против ракот…Кикириките се по потекло од Јужна Америка и му припаѓаат на семејството мешункасти растенија како што се гравот, грашокот, леќата или сојата. Имаат одличен вкус, богати се со масти, протеини и други здрави хранливи состојки.
Има висока содржина на витамини, минерали и растителни соединенија. Има бројни здравствени предности па на радост на оние кои ги сакаат и не можат без нив, препорачливо е да се внесат во секојдневната исхрана. Сепак, поради високата содржина на масти и калории, не би требало да се претерува.

Го подобруваат помнењето
Често се нарекуваат храна за мозокот затоа што содржат витамин Б3 кој е одличен за функцијата на мозокот, како и за подобрување на меморијата. Во себе содржи флавоноид кој се вика ресвератрол, а кој може да го подобри протокот на крв во мозокот за околу 30 отсто.
Се борат против депресијата
Серотонинот е хемикалија која му е важна на мозокот и помага во регулирањето на расположението. Неадекватното лачење на оваа хемикалија резултира со депресија. За среќа, аминокиселината триптофан во кикириките може да помогне за ослободување на серотонинот, па затоа кикириките можат да помогнат да се победи депресијата.
Ја поддржуваат бременоста и го штитат плодот
Кикириките се сметаат за добар извор на фолна киселина која им е важна на жените во текот на бременоста. Според истражувањата, жените кои консумираат 400 грама од оваа кислеина пред и во раната фаза од бременоста, биле под многу помал ризик бебето да има одередени невролошки проблеми.
Ја спречуваат Алцхајмеровата болест
Многу студии покажале дека консумирањето на намирници кои се богати со ниацин како што се тоа кикириките, може да го намали ризикот од појава на Алцхајмерова болест за околу 70 отсто. Само четвртина шолја од овој плод претставува четвртина од дневниот внес на ниацин.
Се борат против ракот
Полифенолните антиоксиданти присутни во кикириките се корисни за превенција на ракот, затоа што помагаат во намалување на продукцијата на канцерогени нитрозамини.
Од друга страна, мешунките како кикириките имаат висока содржина на бетаситостерол, кој претставува заштита против ракот со природно спречување на растот на туморот. На овој начин, сите оние кои јадат кикирики најмалку два пати неделно можат да го намалат ризикот од рак на дебело црево за 27­58 отсто.Кикириките се по потекло од Јужна Америка и му припаѓаат на семејството мешункасти растенија како што се гравот, грашокот, леќата или сојата. Имаат

Пронајдете не на следниве мрежи: