За вистинскиот татко на принц Хари се зборуваше и порано во јавноста, некаде во средината на 90-тите, па за прв пат се појавија детали за аферата која Дајана ја имала со Хјуит.Претставата „Вистина, лаги, Дајана“, ги разгоре шпекулирањата за некогашниот љубовник на принцезата Дајана, поранешниот офицер Џејмс Хјуит, за кого и претходно во британската јавност се велело дека е биолошки татко на принцот Хари. Драматургот Џон Конвеј тврди дека и самиот Хјуит го поддржал ова сценарио.
„Постои едно интересно откритие за односот меѓу Хјуит и Дајана, а за кое тој дозволи да стане дел од претставата. Имено, нивната емоционална врска започнала 18 месеци пред Хари да биде роден“, изјавил Конвеј.
Џејмс Хјуит ги негирал тврдењата на Џон Конвеј дека го видел сценариото, а повеќе пати повторил дека тој не му е татко на принц Хари, велејќи дека Хари веќе имал две години кога тој се запознал со Дајана.
„Тоа што Хари има светла коса и што малку наликува на мене, не е доказ дека јас сум му татко, туку дека станува збор за случајност“, изјавил Хјуит.
Хјуит има и потврда дека Хари не е негов син. Имено, во 2003 година, беше спроведено ДНК истражување врз основа на влакно од косата на принц Хари, кога беше докажано дека Хјуит не е негов татко.
Во биографијата за принцот Хари „Harry: The People’s Prince“ се откриени нови детали за неговото детство. Додека растел, синот на принцезата Дајана не бил сигурен дали принцот Чарлс му е вистински татко затоа што кружеле гласини дека тој всушност е дете на капетанот на кралската коњаница, Џејмс Хјуит.
Авторот на биографијата, Крис Хачинс, пишува за сомнежите што го опседнувале Хари во детството. Медиумите тогаш шпекулирале дека неговиот вистински татко не е принцот Чарлс, туку Џејмс Хјуит. Хари него го доживувал како пријател на неговата мајка, а не знаел дека тие двајца биле во врска. Се претпоставува дека токму капетанот на кралската коњаница го инспирирал принцот да стане војник.
Додека Вилијам обожавал сложувалки, Хари се играл во униформата која Хјуит ја нарачал специјално за него. Младиот принц со задоволство слушал приказни од војската и фантазирал еден ден да стане дел од неа.Претставата „Вистина, лаги, Дајана“, ги разгоре шпекулирањата за некогашниот љубовник на принцезата Дајана, поранешниот офицер Џејмс Хј



