Кој е Чанчаревиќ?

Еден налог за службено следење на истакнат вмровски активист од 90-тите каде што се наложува да бидат анализирани неговите контакти и политичката вмровска активност од страна на озлогласениот оперативец Чанчаревиќ нè мотивира да загребеме под површината на појавноста. Имено појавноста често е мошне различна од позадината. Односно појавноста кога е проектирана да излаже уште повеќе мотивира да се истражи позадината, и зошто е таа сокриена.Што сакаме со ова да кажеме? Удбашкото малтретирање на повеќемина видни членови на ВМРО-ДПМНЕ во 90-тите како да продолжува и денес, но попримило друг облик.Филип Петровски во своето предавање во Загреб оваа година на трибината „Недела на расчистување со минатото“ пред тамошната заинтересирана публика го посочи следново: Истакнатите удбашки структури од стара Југославија со кои не беше расчистено на почетокот на 90-тите во поранешните југословенски републики имаа доволно време да се адаптираат на новиот систем и во него да се инфилтрираат низ други влезови. Па така крвниците станаа уважени демократи, дел од нив станаа граѓански активисти, некои станаа новинари, професори, видни бизнисмени, спонзори на политички партии, па дури и пратеници и така замаскирани продолжија да имаат пресудно влијание во општествено – политичките процеси.
Македонија не е исклучок од ова правило, но тоа е уште поизразено во Србија и Хрватска. При објавувањето на „Црните страници на УДБА“ од страна на Државниот Архив на РМ се создаде можност за поширока општествена дебата за тоа што навистина се случувало во Македонија на почетокот на 90-тите години и дали вака инфилтрираните структури беа тие што преку Пржинскиот договор ја укинаа лустрацијата во Македонија.
Кој сакаше да не се доврши процесот на лустрација, што беше замислен како расчистување со минатото. Тоа расчистување со минатото не е козметичка операција туку требаше да оневозможи пласирање и општествена предност на луѓе кои уништувале туѓи судбини. По интервенција на Брисел и Вашингтон кои беа изманипулирани од домашниот граѓански сектор кој од позадина е контролиран од Милчин – добитникот на орден за косовски заслуги некои структури во Македонија се израдуваа.
Имавме лустрација без лустрација. Помислија дека сите нивни злодела нема никогаш да бидат откриени и задоволно ќе пловат кон иднината.
Сè до 3-ти октомври 2016 кога во Музејот на македонската борба за државност и самостојност беше промовирана едицијата „Црните страници на УДБА“.
Оваа промоција ги затече неспремни. Молчеа два месеци. Ниту еден портал и медиум близок на СОРОС и амбасадата не објави ниту збор за истата. Дали тоа значи дека не постоеле злосторства кон Македонците и кон македонската идеја за слобода и независност или се работеше за обична пропагандистичка метода на свртување на интересот кон понебитни теми? Потресните судбини на македонските патриоти и жртви на прогон не беа никаков предизвик за овие медиуми, оваа збирштина на поранешни удбаши или нивни поколенија, што нè наведува на мисла дека беа добро организирани да го одмолчат целиот процес.
Нашето истражување покажа дека Чанчаревиќи имаат солидна тактика на затскривање на трагите кога се работи за избегнување на одговорноста и признавање на злосторот којшто некои оперативци од нивниот род го направиле. Па така, едниот син на оперативецот Чанчаревиќ кој дипломирал и објавувал трудови под ова презиме го променил во Саракински. Што ли беше мотивот за тоа? Се надеваме не ехото на злоделата од претходните генерации.Истиот тој Саракински во нашата база на текстови се појавува со закана кон Филип Петровски минатата пролет. Веројатно низ крвта му тече повикот на претходните генерации за малтретирање на патриоти и вмровци и истовремено истиот активно се појавува во сквернавењето и гнасењето на светите македонски споменици.
Индикативно е што после заканата ФБ профилот е деактивиран, но скриншотовите сведочат за заканите. Во прилог погледнете го налогот за следење на Мане Јаковлевски, а во наредни текстови ќе следуваат сведоштва на тепани, малтретирани и понижувани активисти на ВМРО од страна на главниот инспектор Чанчаревиќ.

Мошне индикативно е што никаде на интернет нема фотографија од удбашот Чанчаревиќ и ретко кој му го знае името, но од самото спомнување на презимето им се крева косата на главата на засегнатите, кои ја имале несреќната можност со него да се сретнат.Што сакаме со ова да кажеме? Удбашкото малтретирање на повеќемина видни членови на ВМРО-ДПМНЕ во 90-тите како да продолжува и денес, но попримило д

Пронајдете не на следниве мрежи: