Кој е Даниел Кајмакоски?

Вистина.мк го најде момчето кое со само едно појавување на најавата за шоуто направи бум, не само во Македонија, туку и на Балканот. Даниел Кајмакоски е момчето кое ја шармираше Кристина Ковач, но и сите присутни во салата со моќната интерпертација, а таа му ја предвиде и победата. Сепак, Даниел е многу скромен и цврсто стои на земјата.Кој е Даниел?
Даниел е дечко кој е роден во Струга и кој од неговата шеста година живее во Виена. Голем дел од мојот живот се занимавам со музика и компонирање, пеење, свирење клавир и гитара.
Зошто се пријави на Х-Фактор?
На Х-Фактор ме пријави еден од моите најдобри пријатели Антонио, кој е еден од луѓето кои најмногу веруваат во мене. Јас веќе се имав откажано од музиката, но тој беше толку упорен што ми ја врати самодовербата. Без неговата поддршка немаше да имам доволно храброст да продолжам со пеење. Последните три години работев во Австрија и ја оставив музиката на страна. За да пробам уште еднаш дадов отказ и се појавив на аудицијата во Белград.
Со појавувањето само на рекламата за твојот настап веднаш направи бум, дали веќе луѓето почнаа да те препознаваат?
Бидејќи сум многу зафатен со вежбање и подготовки не сум имал многу време за прошетам и да видам дали луѓето веќе ме препознаваат. Моментално сум во Скопје кај Антонио и работиме на еден кавер кој наскоро ќе биде објавен. Но мислам дека се уште е рано луѓето да ме препознаваат.

 
Ти годеа ли коментарите од жирито дека пред нив стои потенцијалниот победник?
Морам да кажам дека Кристиа Ковач е личност која е многу искрена и секогаш го кажува она што го мисли. Многу се ретки таквите луѓе и го ценам тоа. Благодарен сум што застана зад мене, но истовремено мислам и дека Жељко е во право и дека е рано да се каже тоа, бидејќи конкуренцијата на Х-Фактор е многу голема. Кога Антонио ме пријави му реков дека ова е балканско шоу, а Балканот е најталентиран и најмузикален народ и во право бев.
Се радувам што мојата аудиција беше успешна, иако мислам дека можев и многу подобро да испеам, но тремата беше многу голема.
Очекуваш ли победа ?
Коментарот на Кристина е многу искрен и природен, но сакам да потсетам дека таа само кажа дека пред неа стои еден од потенцијалните победници. Тоа е само комплимент, а не изјава дека сум победил. Сите кои се пријавени на шоуто се потенцијални победници!
Од Х-Фактор очекувам само да се претставам во најдобро светло. Секој кој таму се пријавува сака и да победи, тоа е нормално, но патот до таму е долг, а ќе биде и многу тежок. Искрено не знам како ќе ме прифати публиката, бидејќи не сум класичен тип на балканската публика и музиката која се слуша, не знам дали сум тоа што музичката индустрија го бара. Ќе дадам се од себе. Се радувам што музиката ме врати во Македонија и едвај чекам повторно да застанам на сцена со микрофон, зошто тоа е тоа што најмногу го сакам и за кое живеам.

 
Која од девојките од жирито ти е поубава, Кристина или Емина?
На прашањето која од девојките ми е поубава ќе одговорам скромно затоа што и двете се прекрасни, штета што ниедна не е слободна хехехе. Мислам дека и двете се голем подарок за Х-Фактор и го исполнуваат шоуто со шарм, љубов и професионалност. Двете ги обожувам, имав прилика да зборувам со нив и многу ги сакам.
Имаш ли девојка и какви девојки сакаш?
Немам девојка, а ги обожавам нежните и слатките девојки, особено една девојка треба да е искрена, тоа ми е најважно. Барем малку да е пониска од мене на штикли, не смее да е повисока. Чисто информативно висок сум 1.84 и сум слободен хахаахха… Мислам дека е тешко да се најде девојка кога немаш време за неа, затоа не ми се верува дека наскоро ќе имам. Верувам дека Господ има совршен план за мене и точно знае каква ќе биде мојата судбина, а мое е се да препуштам во негови раце.

vistina.mkКој е Даниел?
Даниел е дечко кој е роден во Струга и кој од неговата шеста година живее во Виена. Голем дел од мојот живот

Пронајдете не на следниве мрежи: